Битола и Прилеп збратимени во идејата за финансирање на мали бизниси
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2013
Партнерски организации од Битола и Прилеп ќе бидат вклучени во проектот за експанзија на мали бизниси за развој на пелагонискиот регион во соработка со УСАИД.
Директорот на секторот за економски раст и развој во УСАИД Џо Лесард на средба со новинари истакна дека нивната цел е да ги научат претставниците на малите бизниси како полесно да пристапат до различни фондови. - Проектот за експанзија на мали бизниси е лоциран во два региона, во Полог и Пелагонија и има цел да го зголеми економскиот раст и развој на локално ниво. Сакаме да се намали невработеноста и да се создадат нови работни места во заедницата. Нашиот проект е базиран на партнерство, но партнерствата не се секогаш доволни и затоа потребно е финансирање и затоа преку овој настан сакаме да помогнеме како малите бизнис да дојдат до финансии и затоа поканивме претставници на различни фондови, посочи Лесард. На пленарни сесии за учесниците на конференцијата во Битола беа претставени можностите на програмата ИПА за прекугранична соработка, програмата ИПАРД, Националната програма за рурален развој, Програма за конкурентност и иновации, инструменти за финансирање од Владата на Холандија, поддршка на трансферот на технологија кај малите фирми и кредитирање преку Бизнис стартап центар, како и можностите што ги нуди Македонска банка за поддршка и развој. - Нашата цел е да го поттикнеме развојот на претпријатијата во регионот, да им помогнеме да обезбедат што повеќе информации и знаење за достапните финансиски инструменти со што ќе се зголеми интересот за нивно искористување, истакна Владимир Величковски, проектен координатор во Центарот за развој на пелагонискиот регион. Учесниците на денешната конференција во Битола во јавната дебата потврдија дека најголем дел од средствата што ги нудат различните фондови не се доволно искористени заради сложеноста на апликациите и големата процедура која ја намалува ефикасноста и интересот за ползување на таа понуда