БИЗНИСМЕНОТ КАМЧЕВ НА УДАР НА БРИТАНСКИ ДЕЈЛИ МЕИЛ: Во фабриката на бизнис партнерот на Камерон евтина работна сила шие луксузна колекција за Британија
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017
Откако пред неколку дена британските медиуми ја ставија на тапет Саманта Камерон и обелоденија дека сопругата на екс премиерот на Британија Дејвид Камерон користи евтина работна сила во Македонија, синоќа до нејзиното име се најде и името на познатиот македонски богаташ Орце Камчев.
Во текстот кој осамна на страниците на британскиот Дејли меил пишува дека Камчев и е бизнис партнер на Саманта Камерон.
Саманта неодамна лансираше луксузен моден бренд а она што го привлече вниманието на јавноста е токму земјата МАКЕДОНИЈА каде што се произведува линијата на оваа стилска дама.
Британскиот Дејли меил првично пишуваше дека фабрика во Македонија шие облека за сопругата на поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, а потоа објавија дека фабриката е во сопственост на бизнименот Јордан Камчев.
Познатата дизајнерка, како што пишува токму Македонија ја избрала поради евтината работна сила.
Имено , во текстот се додава дека работниците биле платени многу малку, односно помалку од евро за час, или плати од 9 до 15 000 денари месечно, а Саманта ги здружила силите со Камчев за кој погореспоменатиот медиум пишува дека 46-годишниот бизнисмен има бурно минато и истрага за неговата работа во врска обвинувањата за даночно затајување и нелегално вработување на работници и покрај тоа што за него не било покренувано истрага досега.
„Текстилните работници во Македонија често работат многу часови за мизерни плати. Познатите фирми во Велика Британија треба да имаат одговорност кон луѓето кои ја прават нивната облека, и треба да се сигурни дека тие добиваат пристојна плата“, пишува весникот.
Последната колекција на дизајнерката Саманта во Британија беше лансирана минатата недела под името „Cefinn“ а на дел од парчињата облека стои дека се произведени во Македонија.
Дејли меил наведува дека облеката која ја прават работници за 9 до 15 000 денари во фабриката на Камчев „Монт“ се испраќа во Британија која се продава по 110 фунти за маички, а капутите достигнуваат и цени од околу 400 фунти.
Освен во Македонија, најновата модна линија на Саманта Камерон наменета за деловни жени, ќе се шие и во Литванија.