БЛИНКЕН НА СРЕДБА СО ОСМАНИ: Успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2023
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во МНР го пречека државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Тој рече дека е прекрасно да се биде тука, прекрасно е да се биде во Северна Македонија, прекрасно е да се биде со сите колеги доаѓајќи од НАТО.
„Тоа е соодветно бидејќи Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и сите наши сојузници во НАТО. Секој ден го гледаме тоа. Јас морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во како што и самите рековте многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Знам дека бевте подготвени да продолжите, но мило ми е што Малта ќе ја преземе палката. Имаме стратешко партнерство кое навистина е фокусирано на работата која ја вршиме заедно како сојузници и партнери, но исто така и работата која што заеднички ја вршиме на билатерално ниво. Како што знаете ние силно ја поддржуваме вашата евроатланска интеграција, ја поддржуваме работата за зајакнување на вашите демократски институции, силно го поддржуваме работата која што ја вршите за поголема енергетска диверзификација во регионот и пошироко што ќе има големо влијание, во сето ова вие можете да сметате на САД како силен партнер и затоа една од причините поради кои сум јас тука оваа вечер не само ОБСЕ туку и за Северна Македонија и да покажам колку го цениме партнерството кое го имаме“, рече државниот секретар на САД.
Тој се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски. Државниот секретар на САД го поздрави нашето успешно претседавање со ОБСЕ и конструктивниот пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува ОрганизацијатаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата
