Блокиран сообраќајот кај Стража и Маврово-Дебар
Објавено во: Македонија 03 Април, 2015
На патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за движење на Тешки Моторни Возила поради обилни врнежи од снег.
Исто така на патниот правец Гостивар-Кичево, на планинскиот премин Стража воведена е забрана за Тешки Моторни Возила поради врнежи од снег.
На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште. На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20см). Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.
На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково - с.Сарај, а сообраќајот на овој патен правец за ТТВ се одвива по заобиколен пат.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с.Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација. Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км. На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување. На патниот правец Лакавица - Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено. Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.