15 Мај, 2024
0.0268

BMW оди на суд – краделе идеи за електрични автомобили

Објавено во: Свет 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Бе-Ем-Ве оди на суд за индустриска шпионажа откако француската индустриска група „Болоре“, поднесе тужба против германскиот автомобилски гигнат. Како што објави порталот Фигаро.фр, двајца германски државјани на 5 септември дошле на станиците каде се полнат и одржуваат електричните автомобили на „Болоре“ и се претставиле како вработени задолжени за нивно одржување. Но, тие биле вработени во германското претпријатие „П-3 Груп“, кое е ангажирано од Бe-Eм-Ве околу изработката на нејзиниот електричен автомобил И3. Вработените задолжени за прием на клиентите, на 21 август на станица на „Аутолиб“ во Париз, забележале лица со информатички материјал во нивниот автомобил, како се интерсираат за станиците за полнење на автомобилите. Истата сцена се повторила и на друга станица, каде дцајцата осмничени за индустриска шпионажа објасниле дека вршат рутински контроли, по што исчезнале. Персоналот на станицата за ова ја предупредил компанијата „Аутолиб“’, чиј директор за операциите е поранешен припадник на француската праводсудна полиција. Еден од вработрнеите успеал да го запише бројот на автомобилот на „необичните постетители“, исто како и бројот на клиентската карта на „Аутолиб“, што ја поседувал едниот од нив. Електронската пошта на клинетот завршува со „P-3group.com“. На 22 август, необичните техничари повторно се забележани на една од станиците, а еден од вработените разговара со нив и дознава дека наводно работеле за Бe-Eм-Ве. По известувањето на Централната дирекција за внатрешна безбедност (ДЦРИ), на сите вработени на станиците на „Аутолиб“ им е препорачано да бидат претпазливи. Адвокатот на „Аутолиб“ на 4 септември испратил писмо до „П-3 Груп“, која на нејзината интернет страница се преттсавува како меѓународна консултантска компанија, но не добил одговор.

Техничарите повторно се појавиле на улиците во Париз на 5 септември, при што е повикана полицијата, која ги привела и го запленила нивниот автомобил. Тие се ослободени во петокот по обемно испрашување.

Сега се поставува прашањето што барале тие? Дали сакале да се стекнат со технологија со која не располагаат? Во очекување на одговор, „Аутолиб“ поднесе тужба за злоупотреба на доверба и навлегување во автоматизиран систем на податоци и нивно оштетување.

„Аутолиб“ му пишал на „П-3 Груп“, а одговор добил од „Бе-Ем-Ве-Франс“, која во писмо уатено директно до сопстевникот на групата Вансан Болоре, се извинува за целиот случај.

На 3 јануари беше украден еден електричен автомобил паркиран на својата станица во Париз, па полицијата сега се обидува да дознае дали двата случаи се поврзани.

„Фигаро“ се обрати до компанијата „Бе-Ем-Ве Франс“, која призна дека техничарите извршиле „тестови на компатибилност“ на електричните автомобили, но ги отфрли обвинувањата за шпионажа. Бе-Ем-Ве тврди дека техничарите на „П-3 Груп“ на денот на апсењето не работеле по нивна нарачка, туку по нарачка на друг автомобилски конструктор.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците