БОЧВАРСКИ: Недозволиво е да се попречи напредокот кон европското семејство
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2024
Според Благој Бочварски од СДСМ, напуштањето на процесот на евроинтеграции е нешто што не смееше да се случи во првите 100 дена Влада.
Тој во дебатата на тв Телма изјави дека е недозволиво да се попречи напредокот кон европското семејство.
„А тој напредок не значи само декларативно станување земја членка на Европската унија, туку тоа значи и подобар живот на граѓаните и според мене ова е еден од клучните пропусти на оваа влада и е нешто што без дискусија без некаква дебата“, вели Бочварски.
Албанија почна преговори, а Македонија останува во чекалната на ЕУ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.