БОРБА ЗА ОПСТАНОК: Се повеќе граѓани вадат бугарски пасоши!
Објавено во: Економија 25 Септември, 2015
Рекордни се бројките на граѓани кои се одлучуваат да извадат бугарски пасош и егзистенцијата ја бараат во Швајцарија, Италија, Америка.
Посредниците за бугарски пасош може да се најдат во истокот, каде само во Делчево 70% од граѓаните веќе имат извадено бугарски пасош а константно расте и бројот на жители од беровско и пехчевскиот регион, додека најмногу бугарски пасоши сепак им се издадени на струмичани и охриѓани.
Делчевецот Делчо Гошев кој веќе 15 години посредува за вадење бугарски пасоши, за телевизија Стар вели дека интерес за бугарски пасоши од секогаш имало.
„Најмногу се земаат пасоши од економски причини, но јас имам и луѓе кој се познати политичари, директори, лекари овде работаат, но сепак сакаат друг пасош и се свесни дека да се користата правата на дрига држава е благодетна работа“, вели тој.
Оние кои се одлучуваат на чекорот да извадат бугарски пасош велат дека тоа им е единствен спас за егзистенција кога државата не им ја отвара вратата кон подобра работа и поголема плата.
„Принудени сме да извадиме бугарски пасош бидејќи овде нема работа за сите и битна е партиската книшка која ако ја немаш нема да се вработиш, а ни па ако ја имаш не можеш да бидеш сигурен дека ќе те вработи матичната партија“, велат граѓани на делчевско кои сакаат да останат анонимни.
Друг пак велат дека ако сакаат да заминат на печалба во Италија или Швајцарија мора да имаат бугарски пасош бидејќи не им дозволувале да работат со македонски, што е и основната причина за да заминат таму.
На македонските страни за огласи пак може да се прочита се и сешто. Трагајќи по сторијата за Македонци кои својата среќа ја бараат во странство стасавме и до огласи во кои се нудат бугарски пасоши.
Скопјанецот Филип посредува за добивање бугарски пасош, оти без европски пасош, во земјите од ЕУ, не може да се добие работа, објаснува Филип, во телефонскиот разговор, во кој му посочивме дека сме заинтересирани за работа.
„Јавете ми се од понеделник, кога сакате и ќе се договориме за деталите.Јас ќе Ви средам да го добиете пасошот“, вели Филип.
РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА НА ОГЛАС: Голема измама или остварување на сништата?
Прашавме дали ќе биде проблем тоа што немаме никакво бугарско потекло.
„Не се секирајте. Пасошот со сигурност ќе го добиете. Ќе Ви објаснам што точно значи потеклото. Ви гарантирам дека ќе го добиете пасошот“, вели Филип.
А за услугата напоменува дека ќе бидат потребни 600 евра, плус дополнителни трошоци за три одења во Бугарија.
„Без пасош на земјите од ЕУ никој не може да Ви обезбеди работа во ЕУ. Тоа е лага. А гледам по огласиве нудат и работа со македонски пасош. Зачуден сум како е тоа можно, бидејќи јас со тоа работам знам дека не можно, освен ако добиете работна дозвола, но тоа е сосема друга постапка, која нема врска со она што е во огласите“, вели Филип.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.