17 Декември, 2025
0.3772

Бошковски: Иднината на енергетиката во Македонија е во потенцијалните резерви на јаглен

Објавено во: Економија 20 Септември, 2013 10:28

Добивај вести на Viber

Иднината на енергетиката во Република Македонија е во веќе утврдените и потенцијалните резерви на јаглен, доколку се има предвид податокот дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија се добива од термоцентралите.

Ова го истакна генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Дејан Бошковски во обраќањето пред учесниците на балканскиот конгрес од областа на рударството „Балканмајн 2013“ што се одржува во Охрид.

Посочи дека со спроведените регионални и детални геолошки истражувања во Македонија се утврдени повеќе од дваесет наоѓалишта и локалитети на јаглен со различни потенцијали, квалитативно - квантитативни параметри и степен на геолошка истраженост.  Како локалитети со поголеми рудни резерви од јаглен ги посочи Пелагонискиот, Кичевскиот, Мариовскиот, Скопскиот и Тиквешкиот басен, а со помали рудни резерви Делчевскиот, Беровскиот, Струшкиот и Преспанскиот басен.

- За нивното користење потребно е да се обезбедат реални квалитативно-квантитативни параметри, дефинираност на техничко-технолошките можности за нивниот приоритет на експлоатација, потребните инвестициски вложувања со економска валоризација и намалување на производните влијанија врз животната средина, рече Бошковски.

Тој нагласи дека во рамки на развојната политика на ЕЛЕМ за навремено обезбедување на експлоатациски резерви на јаглен, систематски се преземаат соодветни активности за доистражување на потенцијалните наоѓалишта за експлоатација на јаглен, посочувајќи ги истражувањата на јагленото наоѓалиште „Мариово“.

За јагленовото наоѓалиште „Мариово“ ЕЛЕМ во текот на 2009 и 2010 година изврши доистражување и изработка на елаборати, врз чија база е изработен Главен рударски проект за експлоатација на јагленот од тоа наоѓалиште преку подземна експлоатација.

- Отпочнувањето со работа на рудникот за јаглен со подземна експлоатација „Мариово“ би било реална основа и добра перспектива за излегување на овој крај од долгогодишната пасивност и раселување, истакна Бошковски.

Што се однесува до  проектот за истражување на јагленовото  наоѓалиште „Живојно“, АД ЕЛЕМ веќе има инвестирано над  3,5 милиони евра за геолошки и геотехнички доистражувања и испитувања. Истражувањата се завршени во март годинава,  а  со  изработката на Елаборати за рудните резерви и нивната ревизија веќе е заокружен процесот на доистражување на локацијата погодна за нов рудник за јаглен, инаку, проценет како неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола.

- Ова наоѓалиште ќе биде уште еден потенцијален рудник во Македонија каде јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. По ревидирањето на Елаборатите од деталните геолошки доистражувања, количината од геолошките рудни резерви на јаглен со кои ЕЛЕМ ќе може да располага од наоѓалиштето „Живојно“ изнесуваат 101,6 милиони тони јаглен, истакна Бошковски.

Тој додаде дека согласно сегашните проценки, во тоа наоаѓалиште ЕЛЕМ планира да инвестира околу сто милиони евра, а реализацијата би започнала после изработката на  Главниот рударски проект чија изработка би траела околу две години.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди