28 Октомври, 2024
0.0302

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Наместо ботаничка градина на шест хектари со растенија од различни видови, просторот спроти населбата Карпош 4 во Скопје кај спортско-адреналинскиот парк остана празно заедничко ветување на општината и градот. 

Единствена активност што досега медиумски е забележана е од пред четири години кога имаше некакво рамнење на просторот од страна на општината, но се остана на тоа, а сега местото повеќе личи на дом за кучиња скитници и змии.

Изградбата на зелениот парк пред населбата Карпош 4 беше планирана да се гради до 2025 година со цел да се зголемат зелените површини за 15 отсто во овој дел на Скопје. Во координација со Град Скопје беше планирано да се изгради ботаничка градина и рекреативни објекти на површина од 60.000 м2, а целта беше да се подобри квалитетот на урбаното живеење во Карпош. Некои од граѓаните кои често минуваат го заборавија ветувањето за паркот од соништата.

„Општина Карпош пред година и пол достави до Град Скопје проект со параметрите за изградба на споменатиот парк. Исто така, донесени се сите соодветни одлуки од страна на Советот на општината за да му се овозможи на градот овој проект да го реализира на територијата на Општината. Досега немаме информации зошто не е почната изградбата на паркот“, велат од Општина Карпош за Алсат ТВ.

Од град Скопје нема одговор во врска со овој проект кој пред многу години во политичка кампања го промовираше тогашниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

„Овој парк ќе има рекреативни содржини и разновидни спортови и ќе биде во функција на граѓаните на Карош 4, Карпош 3, Злокуќани, Влае 1 и други населби“, изјави тогаш Богоев.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков