БОЖИНОВСКА ДО КУЗЕСКА: Дали знае дека не сум дел од Руднап Србија се до декември 2011 година?
Објавено во: Македонија 13 Август, 2024
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска побара извинување од портпаролката на СДСМ, Богадaнка Кузеска за изнесените обвинувања.
„Кузеска навистина не разбира за што зборува. Го видов објавеното решение на нејзиниот ФБ профил и сакам да ја прашам дали знае дека не сум дел од Руднап Србија се до декември 2011 година. Решението се однесува на Руднап Скопје за период во октомври истата година. Изгледа е многу комплицирано за да разбере дека станува збор за различни месеци и различни фирми во различни држави и нешто што нема врска со мене. И да ја поучам уште нешто, иако не се однесува на мене, убаво е да се знае, решението на кое се повикува е поништено од Управен суд“, пишува таа на Фејсбук.
На крајот додава дека уште чека извинување.