БОЖИНОВСКА: За краток период, значајно подобрување во работењето на РЕК Битола
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2024
Во денешното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини истакна дека иако е краток временскиот период тимот на РЕК Битола успеал во критичните часови од 17 до 22 часот, период во кој струјата на берзите има висока цена, да се произведува со 180 до 203 мегавати моќност, што е огромно подобрување. За првиот блок не бил навремено направен ремонт, но во декември ќе биде оспособен за да биде приклучен на мрежа.
На прашање за тоа каква е состојбата во РЕК Битола Министерката Божиновска истакна: „изминатата недела бев два пати во РЕК Битола, се запознав со новиот менаџмент и имав долги разговори и лично видов што се случува таму. Ми беше презентирана ситуацијата која ја наследија. Можам да кажам дека има многу аномалии и благо ќе кажам дека е катастрофална состојбата.“
Според информациите што ги сподели Божиновска во РЕК Битола не биле направени ремонти, имало непотребна залиха, механизацијата не била употребувана и квалитетот на јагленот бил несоодветен.