16 Декември, 2025
0.0501

„Брако“ експресно ги наплати модуларните болници во Македонија

Објавено во: Економија 06 Април, 2021 07:35

Добивај вести на Viber

Владата веќе му го плати на „Брако“ поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика се префрлени 3,62 милиони евр. Тендерот беше меѓународен.

По добиено одобрување од Светска банка, на истекот од минатата година со велешката компанија беа потпишани два договори за набавка на модуларните болници и за набавка на мебел и немедицинска опрема.

„На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Северна Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија

Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје - Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласи одговорот од Министерството за труд и социјална политика.

Повикот за набавка на 17 модуларни монтажни болници преку заем од Светска банка беше објавен лани во октомври преку “United Nations Development Business”, како и повикот за набавка на мебел и немедицинска опрема за опремување на модуларните монтажни контејнери.

- Процесите на набавка се спроведени согласно набавните методи “Меѓународен отворен тендер” и “Национален отворен тендер”, согласно “Прописите за набавки на Светска Банка за финансирање на инвестициски проекти (ФИП) - набавки за ФИП за стоки, градежни работи, неконсултантски и консултантски услуги, (Прописи) од јули 2016 година, ревидирано во ноември 2017 година и август 2018 година”, додаваат од МТСП.

Од Министерството за здравство пак велат дека во изминатиот период последователно се пуштени во употреба сите модуларни болници, освен таа во Ресен.

-Сите модиуларни болници се ставени во функција освен модуларната болница во Ресен која е во завршна фаза на поставување. Наскоро ќе се пушти и модуларната болница во Ресен, информираат од министерството.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност