БРЕГЗИТ НЕ МУ ПОМОГНА НА ЛОНДОН, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОВЕЌЕ НОВИ ИМИГРАНТИ: Балканската рута повторно најкритична

Објавено во: Свет 01 Јуни, 2023
Ситуацијата со
мигрантите повторно е загрижувачка. Драматично е во Британија, бидејќи само во 2022
година, 1,2 милиони луѓе се преселиле во таа земја, најмногу во историјата. Од
нив, 925.000 дојдоа од земји кои не се членки на ЕУ. Во исто време се иселиле
557.000 луѓе, така што нето имиграцијата била 606.000.
Променет е и составот на имиграцијата на луѓето кои не доаѓаат од ЕУ. Во 2022 година, 39 отсто од пристигнувањата биле поврзани со образованието, а во 2021 година овој тип на имигранти сочинувал 47 отсто од пристигнувањата во Обединетото Кралство. Уделот на оние кои дојдоа од хуманитарни причини, како што е војната во Украина, се зголеми од 9 на 19 проценти.
Спротивно на ветувањата на поддржувачите на Брегзит, напуштањето на ЕУ не ја забави имиграцијата. Самиот договор за излез беше ратификуван дури во јануари 2020 година, а таа година забележа драстично намалување на бројот на имигранти. Но, сега е сигурно дека станува збор само за влијанието на епидемијата.
Бројот на пристигнувања од ЕУ е преполовен во однос на годините пред пандемијата, а речиси тројно е зголемен бројот на имигранти кои не доаѓаат од некоја од земјите-членки на ЕУ. Разочарувачки се податоците за оние кои веруваа дека запирањето на имиграцијата е една од придобивките од Брегзит.
Фронтекс известува за голем пораст на бројот на илегални имигранти, особено на балканската рута
На почетокот на годината, Фронтекс објави дека во 2022 година бројот на нелегални гранични премини бил највисок од 2016 година. „Според прелиминарните пресметки, откриени се околу 330.000 нерегуларни гранични премини на надворешната граница на ЕУ од 2016 година и зголемување од 64 отсто во однос на претходната година“, се вели во јануарскиот извештај.
Речиси половина од илегалните премини се наоѓаат на таканаречената балканска рута, а повеќето се државјани на Сирија, Авганистан и Тунис. Бројот на Сиријците е двојно зголемен во споредба со 2021 година, на 94 илјади. „Жените сочинуваа помалку од една десетина од откриените лица, додека уделот на пријавени малолетници малку падна на околу 9 отсто од сите откриени лица“, тврди Фронтекс.
На балканската рута се забележани 145.600 илегални премини, 136 отсто повеќе отколку во 2021 година и најмногу од 2015 година. Речиси половина од сите нелегални гранични премини се забележани на балканската рута.
ФОТО: EPA-EFE/WAEL HAMZEHМожеби ќе ве интересира
ПРВ ИЗВЕШТАЈ НА СЗО ЗА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК: Правилен третман на хипертензијата може да спречи 76 милиони смртни случаи

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЗЕЛЕНСКИ? Слабее западната поддршка за Украина

ШОК ЗА ЗЕЛЕНСКИ, ДОБРА ВЕСТ ЗА ПУТИН: Најголемиот сојузник на Киев престанува со поддршката, еве што направи „драмата со житото“

(ВИДЕО) Изгоре складиште со гориво во Сочи по напад со дрон

„ВРИЕ“ ВО ЛИБИЈА ПОРАДИ ПОПЛАВИТЕ: Либијците ја запалија куќата на градоначалникот на Дерна

Ким Џонг Ун конечно се врати од Русија по денови патување со оклопниот воз

NEURALINK НА ИЛОН МАСК БАРА ЛУЃЕ СО ПАРАЛИЗА: Ќе се тестираат мозочните импланти
