19 Декември, 2025
0.0593

Бришењето на „македонски“ во Брисел „кец на десетка“ за уставните измени

Објавено во: Анализа 08 Јули, 2025 07:53

Добивај вести на Viber

Обидот за бришење на терминот македонски јазик и идентитет од извештајот за напредокот на Македонија кој го подготвува Европскиот парламент се чини дека е „кец на десетка“ за аргументите против менување на уставот како последната пречка пред конечното членство во ЕУ.

За потезите на македонската дипломатија околу извештајот на известувачот Томас Вајц може да се дебатира, дали се добри или непотребно наивни, но едно е сигурно, во срцето на европската демократија, во Брисел испливаа на површина јасните негаторски ставови на соседна Бугарија, преточени преку скандалозните амандмани предложени од бугарските европратеници.

Ваквите потези му дадоа оддишка на премиерот Мицкоски кој останува цврсто на ставот дека се потребни дополнителни гаранции од европските институции пред да се додадат Бугарите во Уставот на Република Македонија и досега трпеливо го одбива притисокот наметнат од евробирократите дека „нема План Б“.

Празни маневри или вешто управување со европските очекувања

Многу аргументи изнесе опозицијата тврдејќи дека македонскиот јазик бил утврден со Преспанскиот договор како главна придобивка од потписот во Нивици. Иако да бидеме искрени македонскиот јазик е меѓународно признат уште пред 50 години во Обединети Нации како официјален и службен јазик, па тоа беше јалова „победа“ со прифаќањето на Северна.

Понатаму, дека македонскиот јазик не бил оспорен од Европската Унија бидејќи договорите со нејзините институциите во изминатите години додека СДСМ беше на власт биле потпишани и на македонски јазик.

Но, мора да се нагласи дека ЕУ ниту признава ниту оспорува нечиј службен јазик, ниту верификува нечиј национален идентитет, што би било спротивно на нејзините основачки документи и втемелени вредности на самоопределување.

Тука проблемот го создава Бугарија преку нејзините амандмани поднесени во Европскиот парламент. Две сосема различни битки и различни терени.

Истовремено со ваквиот развој на настаните и можното изоставување на терминот македонски од извештајот може значително да го засили евроскептицизмот, кој е во постојан пораст и јавното мислење и поддршката за ЕУ продолжуваат да опаѓаат.

Но, тоа треба да ја засили определбата на македонската дипломатија да инсистира на изнаоѓање соодветен механизам кој ќе и гарантира дека соседското вето нема да се злоупотребува на идентитетски прашања. На тој начин евроинтегративните процеси и натаму ќе бидат одржани во живот.

Точно три години сегашната опозиција и т.н. проевропски активисти и аналатичари не го извадија од уста промените на Уставот, како практична единствена смисла на нивното постоење, давајќи во спротивност апокалиптична прогнози за иднината на Македонија, во која и Албанија и Црна Гора се пред нас, со заверна европска тапија.

Да ја ставиме и настрана македонската пат позиција, која е блокирана од Софија, а поддржана од неколку моќни центри на Европската Унија.

Дали навистина Брисел е подготвен за проширување со нови членки, или пак пристапот до Планот за раст врзан со реформите е само утешна награда за земјите од Западен Балкан вредна 6 милијарди евра, и натамошно „глумење“ европско интегрирање?

Х.С

Можеби ќе ве интересира

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување

Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување