Британската амбасада во Скопје заедно со ЈП Национални шуми, Алкалоид и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13.000 садници
Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2022 17:15
На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за да се одбележи 70-от Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Северна Македонија. Засадивме повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини.

Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие Национални шуми и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13.000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион. Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување.

Амбасадорот Метју Лосон изјави „Бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП Национални шуми, како и на бизнис заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Северна Македонија каде е најмногу потребно. Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија. Би сакал да се заблагодарам на Алкалоид, Kuehne Nagel, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Универзал груп, Британската детска академија, Квенбергер Логистик и Дени Интернационал за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес.”
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




