Британски медиуми: Познат идентитетот на „џихадистот Џон“
Објавено во: Свет 09 Септември, 2014 19:18
Британските и американските власти знаат кој го егзекутирал американскиот новинар Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф и нивниот идентитет ќе биде обелоденет за неколку дена, објави британски „Дејли мејл“.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Мирор“ наведува дека антитерористичката полиција наскоро ќе уапси 12 лица во Британија, кои се поврзани со припадникот на Исламската држава, познат како „Џон“, кој ги убил новинарите.
Егзекуторот е еден од четворицата британски џихадисти, познат како „Битлси“, кои држат заложници во Сирија.
Како наведува весникот, тимот на американското Федерално биро минатиот месец отпатува во Британија и сеха се „затвара кругот“ околу 12 осомничени за кои се верува дека на „џихадистот Џон“ му помогнале финансиски и на други начини да отпатува во Сирија.
Првиот американски новинар кој го убија припаниците на Исламската држава е Џејмс Фоли кој исчезнал во Сирија во ноември 2012 година.
ИС на 19 август објави снимка од неговото егзекутирање.
Фоли исчезнал на северот на Сирија работејќи како новинар хонорарец за агенцијата АФП и бостонската медиска компанија „Global “.
Потоа го убиле и американскиот новинар Стивен Сотлоф.
Сотлоф бил новинар волонтер кој допатувал по Блискиот исток известувајќи, помеѓу останатите, за американските магазини „Tajm“ и „Forin polisi“.
Киднапиран е во Сирија во август 2013, набрзо бидејќи ја поминал границата од Турција.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




