БРОЈКИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА ИТАЛИЈАНЦИТE: За еден ден над 2.500 нови заразени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Октомври, 2020
Аларматни се бројките за нови заразени од коронавирусот во Италија.
Во последните 24 часа се регистрирани 2.548 нови случаи со коронавирус.
Ова е првпат од крајот на април, дневниот број на новозаболени да надмине 2.000, соопшти Министерството за здравство.
Уште 24 пациенти починаа од последниот ден, што е нешто повеќе од претходниот ден кога имаше 19.
Се појави загриженост во оваа земја.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, најави дека ќе побара од Парламентот да усвои продолжување на вонредната состојба до 31 јануари и дека ќе побара таков статус за целата држава.
Во Италија скоро 36.000 луѓе починаа од коронавирусот.
Во меѓувреме, Мадрид е прва европска престолнина која оди во карантин.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.