17 Декември, 2025
0.0387

Бројот на милионери расте, еве што ќе се случи за 5 години!

Објавено во: Свет 19 Декември, 2012 12:06

Добивај вести на Viber

Светската економија не е во најдобра состојба во последниве години, но бројот на супер богатите продолжува да се зголемува, се вели во извештајот за светското богатство на „The Financialist“, дигиталното списание за бизнис и економија на „Credit Suisse“. Од „Credit Suisse“ очекуваат во САД до 2017 година да има приближно 17 милиони милионери, додека нивниот број во Европа да биде околу 15 милиони. Пазарите во развој веројатно ќе имаат поголем удел од бројот на милионери во светот во следните години, а бројот на богатите луѓе веќе се зголемува и тоа многу забрзано во земјите како Кина и Бразил. До 2017 година Кина ќе има 1 901 000 милионери, според „Credit Suisse“. Ова ќе претставува раст од 97%, во споредба со сегашната бројка од 964 000. Бројот на милионерите во Бразил, пак, ќе се зголеми за 119% во следните пет години или до 497 илјади. Во моментов нивниот број е 227 илјади. Раст од над 100% во бројот на милионерите до 2017 година ќе има и во Русија и Малезија. Милионерите во Русија ќе пораснат за 109% до 203 илјади , во споредба со 97 000 во 2012 година. Растот пак во Малезија, каде што во моментов има 36 000 милионери, според проценките ќе расте за 108% до 75 000. Бројот на милионерите во Мексико, од каде е и најбогатиот човек на светот Карлос Слим, се очекува да достигне 253 000, или со 79% повеќе во споредба со оваа година. За истиот период бројот на  милионерите во Колумбија и Чиле ќе бележи раст од 39% и 48% - до 64 000 и 62 000. Турција ќе може да се пофали со 144 000 милионери, по пет години, или со 71% повеќе од сега, додека милионерите во Индија ќе се зголемат за 53% до 242 000. Растот на бројот на милионери во Арапскиот свет ќе биде скромен, прогнозираат од „Credit Suisse“. Нивниот број во Саудиска Арабија се очекува да се зголеми за 17% до 54 000 во 2017 година, додека милионерите во Обединетите Арапски Емирати ќе бидат 48 000, или за 12% повеќе од сега.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави