БРОЈОТ НА НЕВРАБОТЕНИ ГРАЃАНИ ПОВТОРНО ВО НАГОРНА ЛИНИЈА – Агенцијата за вработување извади најнови бројки
Објавено во: Економија 15 Октомври, 2024
Бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија неколку месеци по рад се намалуваше. Но, во август по шест месеци постојано намалување, Агенцијата регистрираше нов раст на невработените.
Имено, во текот на август биле пријавени 99.142 „трагачи“ по работа. За потсетување, по неколку месечните намалувања на невработените лица, во јули беше исто така забележан пад на бројот на невработени лица, и со тоа бројката на лица кои се водат како невработени падна под границата од 100 илјади.
Покрај лицата кои се пријавиле како невработени, агенцијата за вработување има уште еден дополителен список на „лица кои бараат работа“. Тука согласно најновите податоци има 46.008 лица, со што нивната бројка се намалила, бидејќи претходниот месец агенцијата изброи 46.291 лица кои бараат работа.
Иако досега, од месец февруари навака, бројките на невработени граѓани континуирано се намалуваа, од август имаме промена на полошо.
Имено, во февруари имало најмнгоу невработени граѓани, или над 106 илјади лица. Во март бројот се намалил на над 105 илјади, додека во април невработени биле 103.767 граѓани. Веќе во мај бројот на невработени спаднал на 102 илјади, додека пак во јуни на 101.510 невработени. Во текот на јули имало 98.976 невработени, за во август да се зголеми оваа бројка.
Најголем дел од невработните се лица кои подолг период чекаат вработување, и притоа најголема е групата на граѓани кои се пријавуваат како невработени меѓу пет и седум години. Тука има вкупно 19.114 лица. Од нив само во Скопје се 4.667 лица, додека пак во Куманово има 2.706 граѓани кои се пријавиле како невработени.
Покрај лицата кои чекаат меѓу пет и седум години, голем е бројот и на граѓани кои се пријавени во Агенцијата и кои чекаат вработување подолго од осум години. Во оваа група има дури 13.067 невработени.
Лицата кои чекаат вработување четири години достигнуваат 11.141, додека пак во групата на невработени кои чекаат три години има 8.823 пријавени граѓани. Поголем број невработени се и во групата невработени од 6 до 11 месеци, туку има 11733 пријавени граѓани. Отскокнуваат и оние кои бројат до пет месеци како чекаат вработување. Тука има 11.409 невработени граѓани.
Ако се погледнат групите согласно степенот на образовение, се забележува дека убедливо најголема група се граѓани со без образование, или со непотполно основно образование. Овде има вкупно 60.184 граѓани. Следни по нив, се лица со средно образование, каде има 23.313 невработени, додека по нив се граѓани кои имаат непотполно средно образование, и тука има 8.090 трагачи по работа. По нив следуваат лицата со високо образование меѓу кои ги има 6.377 граѓани, па оние со више образование, каде има 630 невработени граѓани. На спиското има дури и 530 магистри на науки, како и 18 доктори на науки.
П.О.