02 Јануари, 2025
0.1423

ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ АМБИЕНТ ВО 2025 ГОДИНА: гувернерката Ангеловска-Бежоска, еве што најави за монетарната политика

Објавено во: Економија 30 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Економски подобра година очекува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска за следанта 2025 година. Според неа инфлацијата ќе продолжи да се стабилизира, а растот би забрзал.

- Во годината што следува, нема дилема дека одржувањето на макроекономската стабилност ќе биде и понатаму нашиот приоритет, бидејќи таа е клучен предуслов за повисок економски раст. Исто така, Народната банка ќе биде посветена и на поддршката на структурната трансформација на нашата економија. Зелената транзиција и дигитализацијата не се само модерни приоритети, туку се стратегиски насоки коишто го отвораат патот кон одржлив раст, нови работни места и подобра конкурентност. Народната банка и натаму активно ќе го поддржува зеленото финансирање, со што ја поттикнува еколошката одговорност во економските активности. Воедно, со поддршката на финтек-секторот и дигиталните иновации, создаваме нови можности за модернизација на финансиските услуги, подобра достапност за граѓаните и поттик за раст на претприемаштвото - истакнува Ангеловска-Бежоска.

Во новогодишната белешка, гувернерката се осврнува и на годината која изминува и потсетува на предизвиците и резултатите во неа. 

- Во 2024 година, успешно ја задржавме макроекономската стабилност, вклучително и стабилноста на денарот, со раст на девизните резерви до ниво кое е четириесетина проценти над нивото пред пандемијата. Одржувањето на стабилниот курс на домашната валута во времиња исполнети со предизвици е јасен показател за капацитетите на нашата централна банка и наш влог во кредибилитетот на политиките коишто ги водиме. Резултатите од монетарната политика во 2024 година се согледуваат и преку натамошната стабилизација на инфлацијата, којашто по просечната стапка од 9,4% во 2023 година, во првите десет месеци од оваа година е сведена на 3,4% и очекуваме натамошно постепено забавување и следната година. Доколку се задржат овие поволни трендови кај инфлацијата и на девизниот пазар, без да има остварување на поголеми ризици, може и догодина да се очекува натамошно постепено и претпазливо олабавување на каматната политика од страна на Народната банка - вели Ангеловска-Бежоска.

Посочува дека благодарение на внимателното водење на монетарната политика и напоредното носење макропрудентни мерки од страна на централната банка, покрај намалувањето на инфлацијата, зајакната е и финансиската стабилност.

- И во кризниот период, банкарскиот сектор беше столбот на стабилноста на која се потпираа економијата и бизнисот, додека неговата отпорност беше дополнително зајакната преку мерките коишто ги носеше Народната банка. Притоа, стапката на адекватност на капиталот достигна 19 отсто, што е највисоко ниво во последните седумнаесет години, додека учеството на нефункционалните кредити во вкупните е на историски ниски 3%. Растот на депозитите од граѓаните и фирмите забрза и овозможи задржување на кредитниот раст, притоа особено е важно што денарските и долгорочните депозити остварија двоцифрен раст, што јасно говори за довербата во банкарскиот систем и во домашната валута, наведува гувернерката на НБ.

За одбележување во годината којашто изминува, како што подвлекува, е и поднесувањето на формалното барање за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) од страна на Народната банка, што е историски чекор за влез во европските платежни системи и приближувањето до Европската Унија. Придобивките за граѓаните и економијата од членството во СЕПА се многукратни и накусо опфаќаат побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања. 

- Зад нас оставаме година во која научивме важни лекции и направивме значајни чекори напред. Пред нас е нова година којашто нуди нови можности. Преку сигурни економски политики ќе ги искористиме можностите, а притоа внимателно ќе управуваме со ризиците коишто и натаму ќе постојат. Заеднички, со соодветни макроекономски и структурни политики, можеме да изградиме економија што е стабилна, инклузивна и што е подготвена да се соочи со предизвиците на утрешниот ден. На сите граѓани им посакувам среќа, здравје и успех во Новата 2025 година! Народната банка е сигурен партнер во создавањето подобра иднина за сите нас, наведува во новогодишната порака гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.


Можеби ќе ве интересира

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

СРБИЈА НЕМА ДА БИДЕ ПОГОДЕНА СО СУСПЕНЗИЈАТА НА РУСКИОТ ГАС НИЗ УКРАИНА - српската министерка вели дека граѓаните не треба да се грижат

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

ВАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СРБИЈА - исплатата на зголемените пензии почнува утре, а има и формула како да се пресмета покачувањето

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

Народна банка: За 50 отсто зголемени плаќањата преку мобилен телефон

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

КОМПАНИЈА ОД МНОГУ МОЌНА ЕУ ЗЕМЈА ЌЕ ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА БАТЕРИИ: Мицкоски најавува бомбастична инвестиција

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

ДОАЃААТ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО 2025: Патувањето драстично се менува

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

БЕХТЕЛ И ЕНКА, КОРИДОРИТЕ, АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД...На што ќе се работи годинава и кои патишта ќе бидат пуштени

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ПОЗНАТ МИЛИЈАРДЕР ПОЧИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН: Компанијата чиј основач беше ги соопшти деталите

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?

ОВАА КОМПАНИЈА БЕШЕ НАЈМОЌНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЧОВЕШТВОТО: Дали ја знаете?