18 Декември, 2025
0.0439

БРОЈОТ НА СОВЕТНИЦИ ОСТАНУВА НАМАЛЕН: Уставен суд нема да поведе постапка

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2025 17:22

Добивај вести на Viber

Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски.

Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини.

- Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше изготвен во многу кратко време зошто не знаевме всушност каква ќе биде одлуката да не има некои последици околу одржување на изборите. Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најанпред околу надчежнноста на Владата, дали Владата има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. Воедно надлежноста произлегува и од член 63, став 3 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Околу извршувањето на законите, нема кој друг да е надлежен, освен самата Влада, рече Кацарска.

Таа информира дека член 34 од Законот за локална самоуправа е многу јасен, таму се зборува за број на советници. Бројот на советници во општините не може да биде помал од 9, ниту поголем од 33. 

- Во овој член точно е даден распонот на жители, од кој зависи уи бројот на советници. Ако се земе предвид целокупниот  Закон за локална самоуправа, ќе се уврди дека во целиот закон се употребува терминот жители. Зборуавме за локални избори, а не за парламентарни или за избор на претседател на Северна Македонија. Заради оперцаионализација на оваа одредба, 34 од Законот за локална самоуправа, Владата врз основа на член 36, став 3 ја носи оваа одлука за бројот на советниците, објасни Кацарска. 

Законот, како што рече, зборува само за жители. Според член 6 од Законот за локална самоуправа жители на општината се само оние кои лица кои имаат постојано живеалиште во таа општина. 

- Не залудно и Изборниот законик прави разлика меѓу избор на претседател на републиката и пратеници од една страна, а од друга страна советници и градоначалници. Членот 7, точка 4 точно зборува дека советник во општина или градоначалник може да биде избран само оној кој е жител во општината зошто токму овие органи одлучуваат за секојдневниот живот на граѓаните во матичната општина, појасни Кацараска.

Таа се осврнува на навод од иницијативите каде се зборува за, како што рече, наводна дискриминација, поточно дека само во неколку општини каде мнозинството население се помалите етнички заедници. - Но, тоа не е точно затоа што во поголем број општини се намалува бројот на советници. Такви се на пример Кратово, Куманово, Крива Паланка, Пехчево, Струга, Јегуновце, Ново Село, Центар Жупа, а од друга страна има зголемување на бројот на советниците во општините:  Студеничани, Карпош и Кисела Вода, рече Кацарска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери