Бугарија донира 150.000 евра за поплавените во скопско
Соседна Бугарија донира 150.000 евра за поплавените семејства во скопско.
Објавено во: Македонија, Балкан 20 Септември, 2016
Овие средства се донираат со цел санирање на последиците и штетите од невремето.
Ова е дополнување на техничката и хуманитарната помош, која Софија ја донира за справување со последиците од поплавите од 6 август во скопскиот и тетовскиот регион, пренесе бугарската национална новинска агенција БТА.
Парите ќе бидат уплатени во два еднакви износи на сметката на Црвениот крст на Македонија за надминување на последиците од поплавата и на сметката на Министерството за финансии за справување со материјалните штети.
За Македонија донираа Србија, Хрватска, Турција, Косово, Албанија, БИХ, Словачка и други земји.
Во поплавите на 6 август се удавија над 20 луѓе, а има и големи материјални штети.