01 Декември, 2024
0.0250

БУГАРИТЕ, СРБИТЕ, РОМАНЦИТЕ И УКРАИНЦИТЕ СЕ ГЛАВНИ ВО НАЈОПАСНИ КРИМИНАЛНИ МРЕЖИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ ВО ЕУ: Европол со шокатни податоци во извештајот

Објавено во: Анализа, Балкан, Свет 05 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Бугарите, Романците, Србите и Украинците се главните учесници во најопасните криминални мрежи за трговија со луѓе во ЕУ со цел трудова и сексуална експлоатација, покажуваат податоците во извештајот на Европол, претставен денеска.

Во документот се забележува дека во ЕУ дејствуваат 821 опасна криминална мрежа, поврзани со трговија со наркотици (главно кокаин), цигари, трговија со луѓе и изнуда.

„Најчесто учесниците во оваа организација доаѓаат од Западен Балкан, главно од Албанија, но и од Турција и Мароко“, истакна на прес-конференцијата белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.

Според неа, пазарот на дрога е еден од главните извори на насилство во ЕУ и на приход за организираниот криминал.

„Перењето пари и корупцијата се закана за владеењето на правото и основните слободи“, додаде таа.

Според европскиот комесар за правда, Диди Рејндерс, овие криминални групи имаат тенденција да ги заплашуваат и поткупуваат судиите и министрите, кои служат во обвинителството на ЕУ.

„Внатрешната безбедност на ЕУ е загрозена од активностите на оваа група со 25.000 припадници од 112 националности, од кои половина се поврзани со трговија со дрога“, изјави директорката на Европол, Кетрин де Бол.

Според неа, 86 отсто од криминалните организации имаат и легитимен бизнис, најчесто во градежништвото и хотелиерството и на тој начин се перат пари.

Де Бол додаде дека документот презентиран денеска е „најдлабоката истрага за досегот на европските криминални мрежи“.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.