28 Јуни, 2024
0.0270

Бугарската фирма ги лапна парите за железницата, а Македонија молчи?

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Кирил Миноски засега не одговори дали е активирана банкарската гаранција за бугарскиот конзорциум, кој не го испочитувал договорот за изградбата на пругата кон Грција, поради што проектот е стопиран а договорот раскинат. Нема одговор ниту за тоа колку изнесува банкарската гаранција што требало да ја депонира конзорциумот.  

Најавата дека банкарската гаранција ќе биде активирана стигна од министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски, но упати деталите да се бараат од министерството за финансии.

Од министерството за финансии, велат дека таквите детали не може да ги соопштуваат и се повикуваат наусловите наведени во договорот за градба, склучен согласно ФИДИК стандардите за градба (Меѓународна федерација на советодавни инжинери), но и на правилата за јавни набавки на ЕУ, но додаваат дека се превземаат соодветни мерки.

„Сепак, би истакнале дека Министерството ги презема сите активности за заштита на Буџетот и интересите на Република Македонија и Европската Унија“, се вели во одговорот од Министерството за финансии.

Спред сознанијата, тужби за бугарскиот конзорциум  поднеле и компаниите од земјава, кои бугарските фирми ги ангажирале да работат на терен како подизведувачи, но за тоа не им платиле. Проблемот се комлицира, бидејќи неофицилано се дознава дека една од бугарските компании која ги ангажирала македонските фирми најверојатно има отворено стечајна постапка.

Но, исто така се отвора и прашањето каде затаиле домашните контроли и на фирмата избрана како надзор на овој проект,  кој се гледало дека има огромно задоцнување во изведбата, бидејќи иако бил изминат целиот рок во кој пругата треба да биде комлетно завршена, таа сепак се уште е почетна фаза на работите. Па оттука и дилемата дали ако навремено се реагирало и домашните компании ќе имале помала штета од оваа што сега ја трпат.

Овој проект е финансиран со сума од 20 милиони евра од ИПА фондовите, сега неговата реализација  ќе почека на нови инструкции од ЕУ, која сигурно ќе биде дополнително пролонгирана затоа што земјава и годинава, но и следната година ќе има избори. 

Н.С.

Инаку, вчера министерот Мисајловски информираше за реконструкцијата на железничките станици во повеќе населени места.
-Целосно ги реконструиравме железничките станици во Велес, Неготино, Демир Капија, Чашка, Табановце, Градско, Богомила и Прилеп. Реконструкцијата на станицата во Битола е во завршна фаза а пред извесно време започнавме со реконструкција и на последната станица во Гевгелија во рамките на овој проект. Инвестицијата е 2.3 милиони евра. Со овој проект како и со набавката на новите возови граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги во железничкиот превоз, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Која битолска фирма тргнува во инвестициска офанзива вредна 2,5 милиони евра?

Која битолска фирма тргнува во инвестициска офанзива вредна 2,5 милиони евра?