18 Декември, 2025
0.0637

Бугарскиот амбасадор во САД: Штом се договориме за историјата, за прашањата со јазикот ќе биде лесно

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 11:37

Добивај вести на Viber

Георги Панајотов, новиот амбасадор на Бугарија во САД, во денешното интервју за Гласот на Америка вели дека прашањето за јазикот е поврзано со заедничката историја со Македонија и штом се решат историските, „лесно ќе се надминат и лингвистичките прашања“.

Ваков одговор дипломатот дава на констатацијата дека Бугарија испрати декларација до ЕУ во која тврди дека не го признава македонскиот јазик и на прашањето дали амбасадорот верува дека ваквото однесување е навистина во согласност со вредностите на ЕУ за самоопределување.

Навистина е така. Можеби се сеќавате дека Советот на ЕУ ја призна декларацијата на Бугарија преку сопствената декларација на Советот, одобрена од сите земји-членки. Во текот на претходните векови, огромен број Бугари го оставија своето јазично и литературно наследство на она што денес е територија на Северна Македонија. Да се тврди дека нивниот идентитет и дело сега се само дел од македонското наследство и дека бугарскиот јазик што го користеле е македонски јазик е чин на културно присвојување. Овој чин го повредува правото на самоидентификација на Бугарите не само во историски контекст. Потомците на креаторите на ова јазично и книжевно наследство, кои сега живеат, и во Бугарија и во Северна Македонија, се огорчени од она што го сметаат за обид за етничка асимилација. Јазичното прашање е цврсто проткаено со историското прашање. Штом ќе постигнеме договор за историското прашање, сигурен сум дека ниту едно лингвистичко прашање нема да ја наруши нашата врска, вели Панајотов.

Тој останува на ставот дека во Втората Светска Војна администрацијата што работела за Бугарија била од редовите на локалното население и дека Браќата Манаки помогнале во депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

- Од 2018 година, Бугарија е членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА). Како земја членка на ИХРА, Бугарија става акцент на важноста на сеопфатно и научно истражување на Холокаустот, како и на борбата против искривувањето и негирањето на Холокаустот. Ова е единствениот начин да се обезбеди ефикасна, историски информирана противреакција на современиот антисемитизам. За да се разберат трагичните настани од пред 80 години, треба да се знаат фактите. Бугарија, во тоа време сојузник на Германија, привремено управуваше со делови од германската окупирана северна Грција и тогашна Југославија. Бугарија немала никаков суверенитет над овие земји, бугарските трупи и администрација, составена претежно од локално население, биле подредени на локалната германска команда и германските власти не им дозволувале на локалните Евреи да добијат бугарско државјанство. Во овие околности, 11.343 локални Евреи биле депортирани во нацистичкиот логор Треблинка. По војната, Бугарија исплати репарации на Грција и тогашна Југославија и одговорните за воените злосторства беа изведени пред лицето на правдата, а многу од нив беа префрлени на грчките и тогашните југословенски власти за оваа цел. Ова е историскиот контекст на оваа трагедија. Бугарската историска наука и бугарската држава никогаш не се оддалечија од трагедијата на 11.343 Евреи од делови на тогашна Југославија и делови од северна Грција. Бугарските политичари, државни функционери и други јавни личности постојано го почитуваат споменот на овие жртви. Во својата декларација од март 2013 година, Националното собрание го осуди криминалниот чин на нацистичката команда и изрази жалење што не е во моќ на локалната бугарска администрација да го спречи. Денешниот наратив во Северна Македонија, сепак, е сосема поинаков. Тој е селективен, ненаучен и служи за политички цели, во целосна спротивност со принципите на истражувањето на Холокаустот. Нашата надеж е дека неодамнешното пристапување на Северна Македонија во ИХРА ќе ѝ помогне на земјата да ја напушти политичката реторика „сите Бугари се фашисти“ и да се фокусира на научните истражувања на Холокаустот и на сеќавањето на жртвите. Ова во голема мера ќе ја олесни објективната јавна дебата и позитивното политичко дејствување од двете страни на границата. Покрај тоа, ова е неопходно, бидејќи многу епизоди од Холокаустот остануваат да се разјаснат и многу прашања бараат одговори. Еден пример - како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Северна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?, изјави Панајотов во интервјуто за Гласот на Америка.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери