17 Септември, 2024
0.0272

БУГАРСКО МНР: Посетата на Сиљановска-Давкова немаше ниту државен, ниту официјален или работен карактер

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Бугарското  Министерство за надворешни работи(МНР) го правда потегот на амбасадорот Жељазко Радуков кој одби да ја прими протестната нота, поради неистакнувањето на македонското знаме на средбата во Софија,  со став дека посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова немала ниту државен, ниту официјален или работен карактер. 

Во такви случаи, протоколарната практика не предвидува интонирање на химните, поставување други државни знамиња, како и други протоколарни атрибути. Ова вчера го изјави и амбасадорот Радуков во разговорот со дипломатите од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, посочуваат од бугарскот МНР за Нова.бг

Оттаму изразуваат и жалење што и покрај тоа што при посетата на Софија била испратена покана за средба помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, средбата ја одбил македонскиот министер Тимчо Муцунски.   

Од македонско МНР потврдуваат дека средба била одбиена, но само поради тоа што понудениот термин бил во исто време со средбата помеѓу двајцата престедатели, а министерот Муцунски како дел од делегацијата на Сиљановска-Давкова сметал дека е поважно да присуствува на истата.   

Во земјава имаше многу реакции поради тоа што бугарскиот претседател Румен Радев ја пречека нашата претседателка без македонско знаме, односно имаше две бугарски знамиња пред кои се фотографираа. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛЕШАНЕЦ СИ ЈА БАРА ЌЕРКАТА: Се оддалечила од дома заедно со детето

ВЕЛЕШАНЕЦ СИ ЈА БАРА ЌЕРКАТА: Се оддалечила од дома заедно со детето

ПРВО СЕ ЈАВИЛ КАЈ МАТИЧЕН: Во битолската болница е донесен починат маж од Могила

ПРВО СЕ ЈАВИЛ КАЈ МАТИЧЕН: Во битолската болница е донесен починат маж од Могила

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ ОД ТИРАНА: Бугарската политика кон Македонците треба да ја запрат институциите на Албанија

МАКЕДОНСКО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ ОД ТИРАНА: Бугарската политика кон Македонците треба да ја запрат институциите на Албанија

ТОМОВСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ПРАКСАТА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА ДА СЕ КОРИСТАТ ПРИВАТНО: Ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја

ТОМОВСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ПРАКСАТА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА ДА СЕ КОРИСТАТ ПРИВАТНО: Ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја

МУРТЕЗАНИ Е НОВИОТ ГЛАВЕН ПРЕГОВАРАЧ СО ЕУ: Привилегија е да работам за европската иднина и стандард на живеење

МУРТЕЗАНИ Е НОВИОТ ГЛАВЕН ПРЕГОВАРАЧ СО ЕУ: Привилегија е да работам за европската иднина и стандард на живеење

65 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА „ЗА“, помина Законот за задолжување од Унгарија - опозиционерите: „никаде не стои колку е износот на скриените трошоци“

65 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА „ЗА“, помина Законот за задолжување од Унгарија - опозиционерите: „никаде не стои колку е износот на скриените трошоци“

ПАДНА ОДЛУКА: „ВИНОРА“ ДООЕЛ ЌЕ ГО ИЗВЕДУВА КОМПРЕСОРСКИОТ СИСТЕМ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - фирмата има 11 вработени, ќе ѝ требаат 4 месеци

ПАДНА ОДЛУКА: „ВИНОРА“ ДООЕЛ ЌЕ ГО ИЗВЕДУВА КОМПРЕСОРСКИОТ СИСТЕМ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - фирмата има 11 вработени, ќе ѝ требаат 4 месеци

Скопје во мрак, 1.500 светилки надвор од функција

Скопје во мрак, 1.500 светилки надвор од функција

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика