17 Септември, 2024
0.0258

ПАДНА ОДЛУКА: „ВИНОРА“ ДООЕЛ ЌЕ ГО ИЗВЕДУВА КОМПРЕСОРСКИОТ СИСТЕМ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - фирмата има 11 вработени, ќе ѝ требаат 4 месеци

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство конечно избра компанија која ќе го поставува компресорскиот систем на хируршките клиники.

Станува збор за Винора ДООЕЛ од Скопје, иако од Министерството за здравство во своето скудно соопштение до јавноста не напишале ниту за што е избрана оваа фирма, па новинарите влечат заклучок дека станува збор за компресорскиот систем. 

Во соопштрението не е наведено за која сума компанијата Винора ќе ја прави инсталацвијата и монтажата на опремата.

А, она што е битно за граѓаните, е дека инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши дури по четири месеци откако ќе биде склучен договорот.

Или, се смета дека комресорска станица ќе се добие по новогодишните празници. 

„Ве известуваме дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда, со која е избрана понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје. 

Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови.

Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Инаку, од компанијата Винора за себе на својот веб сајт напишале дека Винора ДООЕЛ е позната како фирма која се занимава со продажба на високо квалитетна медицинска опрема, а воедно го покрива и нејзиното сервисирање. 

„Исто така, фирмата опфаќа и дел од стерилизација, како и монтажа на медицински технички гасови. Со својата дејност на дејствување, фирамата нуди опрема во доменот на анестезија, респираторна поддршка, целосно опремување на операциони сали, опрема за оддели на неонаталогија, стерилизација и инсталација на медицински гасови. Винора со својата програма е исто така ориентирана на клиентите да им понуди комплетно решение за опремување на болници. Таа е водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата“, велат од Винора на нивната веб страница.

Оваа компанија е основана во 1997 година. 

Фирмата е лоцирана во непосредна близина на Клиничкиот Центар Скопје и Министерството за Здравство. 

„Во Винора работат 11 лица од кои 5 лица го сочинуваат стручниот тим на обучени сервисни инжињери и монтери оспособени за инсталација на медицински технички гасови. Со своето долгогодишно искуство и својот стручен кадар, ВИНОРА целосно ја покрива сервисната поддршка за опремата за кој е официјален и единствен застапник на територијата на нашата земја“, напишале од Винора за своите перформанси.

Како што веќе потврди и самото Министерство за здравство, само една фирма се пријави на тендерот за нова компресорска станица во скопските клиники до завршувањето на рокот. 

„Во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда“, изјавија пред околу една недела од Министерството за здравство.

Како што е познато, операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се сметаат за преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

На средината на јули пропадна претходниот тендер за нова компресорска станица, кој го спроведуваше службата за заеднички работи на клиниките, зашто ниту една фирма не се пријави на јавниот повик, иако и тогаш две фирми подигнале тендерска документација. Заедничките служби тогаш ја проценија цената на 28 милиони денари, односно околу 455 илјади евра. По пропаѓањето, набавката ја презеде Министерството за здравство.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТОМОВСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ПРАКСАТА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА ДА СЕ КОРИСТАТ ПРИВАТНО: Ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја

ТОМОВСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ПРАКСАТА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА ДА СЕ КОРИСТАТ ПРИВАТНО: Ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја

МУРТЕЗАНИ Е НОВИОТ ГЛАВЕН ПРЕГОВАРАЧ СО ЕУ: Привилегија е да работам за европската иднина и стандард на живеење

МУРТЕЗАНИ Е НОВИОТ ГЛАВЕН ПРЕГОВАРАЧ СО ЕУ: Привилегија е да работам за европската иднина и стандард на живеење

65 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА „ЗА“, помина Законот за задолжување од Унгарија - опозиционерите: „никаде не стои колку е износот на скриените трошоци“

65 ПРАТЕНИЦИ ГЛАСАА „ЗА“, помина Законот за задолжување од Унгарија - опозиционерите: „никаде не стои колку е износот на скриените трошоци“

Скопје во мрак, 1.500 светилки надвор од функција

Скопје во мрак, 1.500 светилки надвор од функција

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

Рускоска: Новото одделение во Јавното обвинителство нема логика

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

АЛБАНЦИТЕ И КОСОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОД СИТЕ БАЛКАНЦИ БАРААТ АЗИЛ ВО ЕВРОПА - од граѓани на Македонија се поднесени 1.872 барања за шест месеци

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

Клан Македонија: Наим Рамука разрешен по инцидентот со Африм Гаши

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата

НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД ИМА ВО СКОПЈЕ: Еве каква е состојбата