Бујар Османи во Мадрид му се заблагодари на Чавушоглу што Турција одобри прием на Шведска и Финска во НАТО
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2022 09:59
Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија, на Самитот на НАТО во Мадрид упати честитики до шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли, откако Турција под одредени услови се согласи Шведска и Финска да станат нови членки на Алијансата.
„Му честитаме на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за поддршката за членството на Финска и Шведска во НАТО!“, објави Османи на Фејсбук.
Османи е дел од државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски која деновиве ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид. Во состав на државната делегацијае и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Финска и Шведска потпишаа трилатерален меморандум за разбирање со Турција, ветувајќи дека ќе ја решат безбедносната загриженост на Анкара во врска со нивниот став кон терористичките групи ПКК и ФЕТО, отворајќи го патот за нивното членство во НАТО, објави Анадолија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




