23 Јануари, 2025
0.0396

БУМ НА НЕБОТО НАД МАКЕДОНИЈА: Воведен нов лет, а Николоски многу напорно работи на воведување уште еден

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Женева - Скопје беше линијата што ја бараше дијаспората и на нивно барање од оваа година стартуваме со редовни летови на релација Женева - Скопје. Втората значајна линија што ја воведуваме е од Париз, од аеродрoмот „Орли“ до Скопје. Во меѓувреме работам и на воведување и прекуокеански летови и таргет е северноамериканскиот континент, истакна синоќа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски во гостувањето на ТВ Алфа нагласи дека со промената на политиката на субвенционирање се пронајдени слабостите и, како што рече, решивме да одиме со нова политика и таа политика дава резултати бидејќи за шест месеци воведуваме девет нови дестинации. 

- Од Скопје воведени се нови линии кон Барселона, Лион, Дубаи, Штутгарт и Амстердам, а од Охрид кон Базел и Истанбул, рече Николоски, додавајќи дека овој е најзначен лет за охридскиот аеродром. 

Според него, авиолинијата Женева - Скопје е огромен успех.

- Голема македонска дијаспора живее во Швајцарија и во Франција. И ова многу ќе значи за нашата дијаспора, досега требаше да го користат приштинскиот аеродорм за да дојдат или да одат преку конектинг летови. И вториот лет е од Париз до Скопје, од аеродромот „Орли“ кој што е само на петнаесетина километри од популарната „Шанзелизе“ улица. Така што очекувам и многу туристи од Франција да доаѓаат во Македонија и да ја користа оваа поволност. Дополнително очекувам и други линии во наредниот период, потенцираше вицепремиерот Николоски.  

Тој најави дека работи и на вовдување на прекуокеaнски летови.

- Многу работам на тоа. Toa e доста покомплицирана операција. Имајќи предвид дека се потребни посебни безбедносни протоколи, но исто така да се исплатливи тие летови треба да има и повеќе патници. Но, сум умерен оптимист дека Скопје може да стане третиот аеродром на Балканот од каде што ќе се лета прекуокеански. За Скопје и за Македонија ќе значи многу ако имаме и ние ваков лет, тоа ќе значи многу за развој на туризмот, бизисот и ќе значи и за имиџот на Македонија бидеќи ќе биде на мапата на прекуокеански летови. Го таргетираме северноамериканскиот континент, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Тој посочи дека во период од 10 дена пуштени се во употреба три големи инфраструктурни проекти: експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка, делницата Градско-Дреново од експресниот пат кон Прилеп и железничката пруга Куманово-Бељаковце.

- Не се сеќавам кога последно не само во Македонија, туку и во регионот се пуштиле во употреба 42 километри експресни патишта и 31 километар пруга во рок од две недели, истакна Николоски.



Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции

„ЗА СТРУЈА ЌЕ СЕ ВОДАТ ВОЈНИ“: Влегуваме во сериозна енергетска криза, предупредуваат експертите - дали ИТ е поважна од планетата?!

„ЗА СТРУЈА ЌЕ СЕ ВОДАТ ВОЈНИ“: Влегуваме во сериозна енергетска криза, предупредуваат експертите - дали ИТ е поважна од планетата?!

КОЛКАВ РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ДОБИВТЕ ЛАНИ, ДАЛИ ГАЗДИТЕ БЕА ЧКРТИ ИЛИ ДАРЕЖЛИВИ - бројките ги има УЈП, а еве го и просекот за минатата година

КОЛКАВ РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ДОБИВТЕ ЛАНИ, ДАЛИ ГАЗДИТЕ БЕА ЧКРТИ ИЛИ ДАРЕЖЛИВИ - бројките ги има УЈП, а еве го и просекот за минатата година

МЕПСО ќе плаќа најевтина струја! Кој e снабдувачот со струја кој даде понуда што не се одбива?

МЕПСО ќе плаќа најевтина струја! Кој e снабдувачот со струја кој даде понуда што не се одбива?