БУРА ВО ЗАЛИВОТ: Емирот на Катар го одби Трамп и го праќа шефот на дипломатијата во Москва
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2017
Катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, нема намера да патува во Вашингтон на повик на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Емирот не планира да го напушти Катар, се додека државата се наоѓа во блокада“, рекол изворот за Ројтерс.
Эмир Катара не поедет в #Вашингтон для переговоров по урегулированию кризиса - #Вашингтон https://t.co/GxOvLvekGN pic.twitter.com/i9d5wiO7fN
— Azerbaycan24 (@_azerbaycan24) June 9, 2017
Претходно е соопштено дека Трамп во телефонски разговор со емирот на Катар му предложил на него и државите кои ги прекинале односите со нив помош во надминување на кризата.
Меѓутоа, одбивајќи да го посети Вашингтон, Тани го пратил во Русија шефот на дипломатијата на Катар Мухамед бин Абдел Рахман бин Џасема ел Тани.
Министерот би требало утре да допатува во Москва и да разговара со рускиот колега Сергеј Лавров.