16 Јули, 2024
0.0376

Љупчо Димовски има стан од 200.000 евра и три девизни сметки

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Љупчо Димовски пријави три девизни сметки во новиот анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција како нов министер за политички систем и вицепремиер во владата.

Лидерот на „Социјалистичка партија“ и поранешен пратеник овој пат има стан во центар од 113 квадратни метри чија проценета вредност е зголемена на 11.800.000 денари. Станува збор за недвижнина во негова лична сопственост добиена преку наследство. Во претходниот лист беше наведено дека тој вреди само 6,9 милиони денари и не беше наведено во чија сопственост е. 

Од подвижен имот има volkswagen tiguan  од 2014 што би вредел околу 15.000 евра. Пријавен е и подвижен имот од 20.000 евра што не е задолжително да се регистрира, но не е наведено поконкретно за што се работи. Единствено е наведено дека е стекнат во 1970 година.

Има две девизни сметки, една во евра и една во долари, како наследство и уште една девозна сметка во долари како лична заштеда. Димовски има штеден влог и трансакциска сметка во денари.

Во меѓувреме има подигнато заем кој нараснал на 50.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст