Добивај вести на Viber
Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава.
Царинската управа известува дека мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.
За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.