18 Декември, 2025
0.1063

Цариниците заплениле 1.200 парчиња безжични контролери за Sony PlayStation - повторно богат „улов“, од брендирани парчиња, алкохол, мебел..

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2025 11:35

Добивај вести на Viber

Нема крај на обидите за увоз на производи без почитување на протоколите, поради што  Царинска управа објави за нова голема заплена, и тоа од речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови...

- На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока, меѓу која алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки - соопштија од Царинска управа.

Притоа укажуваат дека на граничен премин Блаце запленети се повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу која играчки, парфеми, козметика и мебел.

- Вкупно 600 парчиња разна стока, во најголем дел играчки се пронајдени во фабрички шуплини на комбе, управуван од македонски државјанин.

Во друг случај откриени се вкупно 143 парчиња парфеми и козметика пронајдени под патосниците на задните седишта како и во багажниот простор на автомобил управуван од македонски државјанин.

Во товарно возило кое на влез во државата е пријавено како празно, царинските службеници открија вкупно три парчиња гарнитури мебел - прецизираат од Царина.

Воедно додаваат дека царинските службеници на граничниот премин Табановце во текот на изминатите денови, во три одделни случаи запленија 26 шишиња алкохолни пијалоци, над 200 парчиња електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим откри и спречи обид за шверц на осум сета воздушни и водни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.

- Во првиот случај, 26 шишиња алкохолни пијалоци со проценета вредност од околу 30 илјади денари биле пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. Лицето не ја пријавило стоката со цел да избегне плаќање царински давачки во износ од околу 7 илјади денари.
Во вториот случај, царинските инспектори пронашле 209 парчиња електронски цигари во две торби на патник кој патувал со автобус на релација Брисел – Скопје.

Третиот случај се однесува на уред за авто-дијагностика, откриен во автомобил со привремени германски таблички, управуван од македонски државјанин - укажуваат од Царина.

Исто така посочуваат дека во посебен случај, Службата за мобилен скенер при контрола на товарно моторно возило откри осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел.

На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилни тимови заплениле 1.200 парчиња безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Запленетата стока е одземена поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.

Додека пак на граничниот премин Ново Село, царинските службеници запленија автоделови кои биле пронајдени во автомобил управуван од македонски државјанин.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери