21 Ноември, 2024
0.0459

Целаковски: Финансиската едукација е алатка за поголема заштита на осигурениците

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Договорот за осигурување е двојно обврзувачки договор и согласно овој договор страните имаат права, нo исто така имаат и обврски. Пред да се купи договор за осигурување треба секој потрошувач да ги знае основните поими од осигурувањето како и да ги побара, да ги слушне основните информации.

Во новиот краток поткаст од серијалот за финансиска писменот на Фактор гостува Ратка Целаковски од Агенцијата за супервизија на осигурување која открива колку е важно корисниците на осигурување да бидат правилно и навремено информирани за условите на осигурувањето.

„Финансиската едукација му помага на потрошувачот подобро да ги разбере финансиските концепти,  односно подобро да разбере еден финансиски производ, подобро да ги разбере неговите карактеристиките, да научи како да ги планира своите лични и семејни буџети согласно сопствените потреби“, порачува Ратка Целаковски од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Финансиската едукација му овозможува на потрошувачот да управува со финансиските ризици со цел да избегне финансиска стапица.

„Ние гледаме на финансиската едукација како алатка за поголема заштита на осигурениците, стимулирање на побарувачката на осигурителни производи и услуги, и одговорно однесување на осигурителните субјекти. Затоа делуваме на повеќе нивоа, превентивно делување во доменот на директна и индиректна супервизија. На тој начин овозможуваме функционирање на здрави осигурителни субјекти, управувани, раководени и контролирани од стручен кадар", вели таа.

Кога се купува договор за осигурување потрошувачот треба да знае дека осигурителот треба да го информира на јасен и транспарентен начин.

„Тоа значи дека треба совесно да му укаже на сите карактеристики во врска со осигурителниот производ, да му ги предочи општите и посебните услови на осигурување, да му ги предочи кои се обврските, начинот на плаќање на премија, понатаму да му предочи дека потрошувачот доколку е незадоволен има право на жалба", вели претставничката на АСО.

Осигуреникот може да поднесе поплака или жалба прво до друштвото за осигурување, а понатаму и до Агенцијата за супервизија на осигурување. 

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто