„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„
![](/media/main/2024/12/20241212151333.jpeg)
Објавено во: Економија 12 Декември, 2024
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница што се одржува во Виена, Австрија.
Во рамките на Министерскиот совет на Енергетската заедница на кој присуствуваат министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница, се дебатира околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата, како и теми поврзани со управувањето со водите, живеалишта и дивите птици во насока на идното воведување на дополнителни законодавни обврски од овие области.
Божиновска во своето обраќање ја нагласи посветеност на нашата земја на енергетската транзиција, економската одржливост и климатската неутралност. Беше истакнат напредокот на земјата во енергетскиот сектор, пред сè во делот на законодавството и усогласувањето на националната регулатива со европската легислатива. Министерката ги запозна присутните со интензивните активности на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за реализација на клучни инфраструктурни проекти кои ќе ги елиминираат техничките бариери во енергетската мрежа и ќе ја зајакнат регионалната соработка.
„Интензивно работиме на тековната енергетска интерконекција со Албанија, ќе продолжиме да се поврзуваме со Грција, Србија и Косово и во исто време ќе продолжиме со модернизирање на нашата електрична мрежа што ќе овозможи понатамошна интеграција на енергијата од обновливи извори. Овие проекти ќе го стимулираат економскиот раст и ќе ја зголемат сигурноста во снабдувањето со енергија. Во исто време, подобрувањето на енергетското поврзување преку интеграција на националниот пазар на електрична енергија со единствениот европски пазар на електрична енергија ќе обезбеди стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија, така што со нетрпение очекуваме да продолжиме со спојувањето на пазарот на електрична енергија што е можно поскоро. Посветени сме да ги спроведеме и климатските обврски.“ истакна Божиновска во своето обраќање.
На состанокот на Енергетската заедница заедно со министерката Божиновска, присуствува и Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.
Можеби ќе ве интересира
СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123203603.jpg)
ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123194415.jpg)
ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123154151.jpg)
ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123130855.jpg)
СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123122019.png)
КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123095917.png)
Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123120531.jpg)
ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123111451.jpg)
КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123110940.jpg)