ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?
Објавено во: Економија 12 Декември, 2024
Американскиот бизнисмен Илон Маск стана првиот човек кој
достигнал нето приход од 400 милијарди долари, објави Си-Ен-Ен.
Нето богатството на Маск се зголеми за околу 50 милијарди долари по инсајдерска продажба на неговиот удел во SpaceX на 439,2 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.
Акциите на „Tesla Inc“ пораснаа за околу 65 отсто во споредба со периодот пред изборите во САД во ноември, поттикнати од очекувањата новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го поедностави воведувањето авто-пилот и да ги укине даночните олеснувања за електричните возила што им помагаат на конкурентите на „Тесла“.
Во исто време, вредноста на компанијата за вештачка интелигенција на Маск, КАИ е повеќе од двојно зголемена од мај, достигнувајќи 50 милијарди долари, а Волстрит журнал минатиот месец објави дека победата на Трамп помогнала да се поттикне обновениот интерес за компанијата.
Инвеститорите на SpaceX се согласија да купат акции од 1,25 милијарди долари од вработени и други инсајдери на компанијата.
Договорот, кој ја вреднува приватната компанија за истражување на вселената на околу 350 милијарди долари, го прави SpaceX највредниот приватен стартап во светот.
Компанијата најголем дел од парите ги заработува од договорите со владата на Соединетите држави, а Трамп неодамна ја пофали визијата на Маск за испраќање астронаути на Марс во предизборните говори и му се придружи на бизнисменот на лансирањето на SpaceX во Тексас веднаш по изборите.
Се очекува Илон Маск да има клучна улога во новата американска администрација, како еден од шефовите на новоформираниот Оддел за владина ефикасност (DOGE), кој ќе му даде овластувања и директна врска со Белата куќа.
фото: EPA/LUDOVIC MARIN
Можеби ќе ве интересира
СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123203603.jpg)
ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123194415.jpg)
ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123154151.jpg)
ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123130855.jpg)
СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123122019.png)
КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123095917.png)
Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123120531.jpg)
ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123111451.jpg)
КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции
![](/media/main/250x170/2025/01/20250123110940.jpg)