12 Декември, 2024
0.0295

Интервју Брано Ѓуровиќ, извршен директор на ONE Албанија: „Поинаков пристап на 4iG, носи подобрување на мрежната инфраструктура“

Објавено во: Економија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Првото прашање што нè интересира е какво беше првичното влијание од доаѓањето на 4iG во Албанија, а како во Црна Гора? Вие доаѓате од Црна Гора, како извршен директор на 4iG, односно ONE. Кое беше првото и најважно влијание што албанските потрошувачи го почувствуваа од доаѓањето на 4iG во Албанија?

Неколку зборови во врска со нашето искуство со доаѓањето на 4iG како стратешки инвеститор, прво во Црна Гора, а потоа во Албанија, во периодот 2022-2023 година.

Карактеристика на пристапот на 4iG беше нивната проинвестициска стратегија, која се состоеше во тоа што тие инвестираат во телекомуникациски оператори кои со години се запоставени во поглед на инвестиции.

Во Црна Гора, ова донесе подобрување на мрежната инфраструктура, инвестиции во нов бренд и воведување на брендот ONE, како и аквизиција на 5G фреквенциски опсег во рок од две години. Во Албанија, приказната беше малку поинаква и покомплексна, бидејќи компанијата One Albania настана со спојување на два телекомуникациски оператори – Алтелеком, кој беше фиксниот оператор и One Telecommunications, кој беше водечкиот мобилен оператор во тој период.

Со аквизицијата на двата мобилни и фиксниот оператор, дојде до консолидација и создавање на нов пазарен играч – One. Ова беше голем инвестициски чекор, бидејќи самиот процес на спојување бараше значителни инвестиции во мрежната инфраструктура. Успеавме да ги обединиме двете независни мрежи, да го зголемиме бројот на локации и да донесеме најсовремена технологија од „Ericsson“.

Од друга страна, овој процес бараше голема инвестиција во ИТ инфраструктурата, бидејќи мораше да се консолидираат ИТ системите и да се подобри нивната ефикасност заедно со компанијата од Унгарија. Веруваме дека корисниците веќе во втората година од доаѓањето на 4iG почнаа да чувствуваат значителни придобивки во однос на квалитетот на услугата што ја нудиме. Независните евалуации покажаа дека мобилните мрежи во Албанија сега се на исто ниво на квалитет со најквалитетните мобилни мрежи во Европа.

Во фиксниот сегмент, не застанавме со инвестициите. Имаме петгодишен инвестициски план за воведување оптички кабли до сите домаќинства во Албанија, со цел да покриеме што е можно повеќе корисници. Во 2023 и 2024 година успеавме да имплементираме над 70 000 нови оптички приклучоци. Веруваме дека корисниците го препознаваат овој квалитет, бидејќи услугите преку оптика се неспоредливи со која било друга технологија.

Кога ја воспоставивте 5G мрежата? Кои беа првичните впечатоци и резултати? Дали ја покривате целата држава?

One неодамна учествуваше во процесот на аквизиција на 5G опсег на фреквенција со регулаторните и државните органи. Овој процес траеше околу три месеци и заврши на 25 ноември, кога официјално добивме овластување за користење на 5G фреквенцијата. Тогаш станавме првиот оператор во Албанија кој комерцијално понуди 5G услуги.

Во моментот на лансирање, имавме ограничено покривање, почнувајќи со Тирана како најголем пазар, Драч и Скадар како стратешки градови на Север и на брегот. Имаме амбициозен план за развој на 5G мрежата, со цел во првата фаза да ги покриеме сите стратешки локации, вклучувајќи ги аеродромите, пристаништата, индустриските зони и болничките комплекси. Нашата крајна цел е до 2030 година да покриеме 85% од населението со 5G сигнал.

Првите резултати се охрабрувачки. Корисниците без проблем се поврзуваат на 5G, доколку нивните уреди го поддржуваат стандардот. Процесот на целосно усвојување на 5G стандардот ќе потрае неколку месеци, бидејќи одредени уреди треба да се прилагодат на нашата 5G мрежа. Очекуваме дека до средината на следната година целосно ќе го завршиме овој процес.

Важно е да се напомене дека воведувањето на 5G не доведе до зголемување на цените за крајните корисници. Корисниците продолжуваат да ги користат своите постоечки пакети и уживаат во придобивките на 5G, како што се поголема брзина, побрз одзив и поголем капацитет за поврзување на повеќе уреди.

Колку досега инвестиравте во Албанија?

Може да кажеме до некаде, само во изградбата на мрежата, која е еден од најрелевантните сегменти, планираме да инвестираме најмалку 40 милиони евра во период од пет години, за подобрување на постојната мрежа. Ова не е изградба на целосно нова мрежа, туку модернизација на постојната инфраструктура.

Само накратко објаснете ја структурата на вашите корисници во Албанија, постпејд или припејд? И, нормално, која е вашата стратегија овде - да постигнете повеќе луѓе да се префрлат на постпејд или припејд?

Структурата на корисниците во Албанија, во мобилните мрежи, е таква што албанскиот пазар е доминантно припејд пазар, што значи дека поголемиот дел од корисниците користат припејд начин на плаќање. Меѓутоа, во последните две-три години забележлив е трендот на сè поголем број корисници кои преминуваат на постпејд модел на плаќање.

Според најновите извештаи, околу 35% од корисниците се на постпејд, додека 65% се на припејд, и гледаме дека оваа состојба е слична кај двата оператори. Сепак, до некаде статистиката е искривена поради сезонските ефекти, бидејќи Албанија е туристичка земја, а во текот на летото имаме голем број припејд корисници кои се туристи и го зголемуваат делот на припејд пазарот.

Во наредните години ќе направиме сè што е потребно за да им овозможиме на корисниците да преминат на постпејд модел, првенствено преку нивно едуцирање за придобивките од постпејд моделот, за неговата едноставност во начинот на плаќање, како и преку понуда на различни уреди и дополнителни услуги. Овие понуди ќе овозможат плаќање на рати и ќе помогнат корисниците подобро да ги предвидат своите трошоци.

Имате 8 милиони корисници?

На ниво на групацијата, во Унгарија имаме 8 милиони корисници, а во Албанија имаме околу 2 милиони, од кои 1,5 милиони се мобилни корисници.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

„Целиме кон стабилни цени, конкурентност и подобар пристап до обновливите извори на енергија - Божиновска се обрати на Министерскиот совет на Енергетската заедница„

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

Оптимистички кон крајот на одличната берзанска година

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

БАНКРОТИРАА ПО 200 ГОДИНИ - беа претставници на најпознатите парфеми

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

КОЈ ПЛАТИ 120 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА „ТЕТЕКС“ - блок трансакција со акциите на тетовскиот комбинат

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

ПАРИТЕ ЌЕ ЛЕГНАТ НА СМЕТКА НАЈДОЦНА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА - аванс за дивиденда за акционерите на УСЈЕ од 22 милиони евра

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

Владата ќе дава по 250 евра за електронски уреди за студентите

Владата ќе дава по 250 евра за електронски уреди за студентите