24 Јануари, 2025
0.0272

М-р Митко Јанчев во „Бизнис-клуб“: Државата треба да биде повеќе насочена кон сопствените производи и кон извозот, а не кон увозот

Објавено во: Економија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во третата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески разговара сом-р Митко Јанчев,  претставник на помладата генерација бизнисмени, но уште подобар градоначалник, кој  успешно успева да направи спој помеѓу бизнисот, функцијата градоначалник и политичкиот ангажман.

Во разговорот со м-р Митко Јанчев, сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија, и бизнисмен со нагласено чувство за општествена одговорност, се изнесуваат факти за потребата од поставување стратешки цели од страна на државата за развој на бизнисот, како и за потребата од квалитетна инфраструктура, која ја гледа преку развој на железничкиот сообраќај.

„Државата треба да постави стратешки цели во производството за развој на бизнисот, да ги користи сопствените производи и да биде помалку зависна од увозот, а повеќе ориентирана кои извозот. Не е здраво и продуктивно, министерствата на тендерите да користат странски производи и услуги наместо наши, бидејќи се тоа наши пари. Со целосна зависност од увозот наместо од сопствените производи доаѓа до колапс на БДП-то во државата, намалување на ликвидноста и намалување на девизниот прилив“, истакна градоначалникот и бизнисмен м-р Јанчев.

М-р Митко Јанчев дипломирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип со звање инженер геолог, а магистерските студии ги завршил на отсекот за технички науки, петрологија, минералогија и геохемија на истиот факултет. На 23-годишна возраст ја презел функцијата управител на компанијата по ненадејната смрт на неговиот татко, основач на компанијата, а денес успехот на компанијата се темели на новите стандарди што ги вовел во раководењето, што го привлекла и светски познатиот бренд „Синалко“ од Германија.

Во разговорот со претседателот Азески м-р Јанчев ја истакнува важноста од постоење добра инфраструктура, која е основа за развој на бизнисот во државата, како и важноста на Стопанската комора во градењето на неговата личност како бизнисмен.

„Државата треба да се насочи кон инфраструктурата, особено кон развој  на железничкиот сообраќај, што ќе придонесе да се намалат цените на трошоците на компаниите кои на дневна основа увезуваат репроматеријали од Солунското пристаниште, а со тоа ќе се добијат поконкурентни цени на пазарите на земјите од ’Отворен Балкан’ и на земјите од ЕУ. Така ќе им се помогне на компаниите кои гравитираат на реонот на Општина Кавадарци (ИГМ Кавадарци, Голден никел, Дрекслер Маер), а кои се извозно ориентирани“, потенцираше м-р Јанчев.

Комората ја доживува како дел од компанијата преку која ја градел својата личност како бизнисмен и преку која ја правел целата промоција на компанијата. Бил член на Управниот одбор на Стопанската комора и претседател на Регионалната комора во Кавадарци.

Членството во Стопанската комора ми даде за право да имам храброст да се дружам со авторитетни луѓе, кои раководат со големи и успешни компании, на чело со Вас како претседател, да седам со нив на иста маса, да го извлечам позитивното и да учам од нив“, истакна м-р Митко Јанчев.

Од 2017 година м-р Митко Јанчев е градоначалник на Општина Кавадарци, успешно ја води Општината и дава поддршка за многу спортски, културни и уметнички настани, но и во делот на образованието, помагајќи со разни средства и донации. Токму поради тоа Јанчев е првиот градоначалник во историјата на Југоисточна Европа кој е добитник на престижното признание Личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балканот.



Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции