Цените на нафтата растат седма недела по ред: Најголем пораст од јануари минатата година
Објавено во: Економија 14 Август, 2023
Цените на барелот пораснаа и минатата недела, седми пат по ред, постигнувајќи го најдолгиот тренд на раст од почетокот на 2022 година, откако Меѓународната агенција за енергетика предупреди на сè потесна понуда. На лондонскиот пазар цената на барелот брент минатата недела порасна за 0,5 отсто, на 86,81 долар, а за толку порасна и цената на барелот на американскиот пазар и изнесува 83,19 долари.
Цената на Брент е на највисоко ниво од јануари, а американскиот WTI од почетокот на годината. Последен пат цената на нафтата порасна седум последователни недели во периодот од јануари до февруари 2022 година, пред рутата во Украина.
Растот на цената на нафтата беше поттикнат од проценката на ИЕА објавена во петокот дека глобалната побарувачка на нафта достигна рекордни 103 милиони барели дневно во јуни, а во август може да достигне ново рекордно ниво.
ОПЕК, сепак, во својата месечна прогноза, ги повтори своите проценки за годишната побарувачка на нафта, очекувајќи раст од 2,25 милиони барели дневно во 2024 година, во споредба со 2,44 милиони барели дневно во 2023 година.
На страната на понудата, производството значително забави во последните месеци, поради доброволните намалувања на производството во Саудиска Арабија и Русија. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, колективно познати како ОПЕК +, почнаа да ја намалуваат понудата кон крајот на 2022 година за да го зајакнат пазарот, а во јуни ги продолжија намалувањата до 2024 година.
Доколку се задржат тековните цели на ОПЕК +, залихите на нафта би можеле да паднат за 2,2 милиони барели дневно во третиот квартал и за 1,2 милиони барели дневно во четвртиот квартал, што потенцијално ќе поттикне уште едно зголемување на цената, предвидува ИЕА во петокот.
И изгледите за благо закрепнување на американската економија, како и шпекулациите дека ФЕД се приближува кон крајот на циклусот на зголемување на стапката, го поддржаа расположението на трговците со нафта. „Намалената понуда и подобрените економски перспективи создадоа оптимизам кај нафтените инвеститори“, истакнува аналитичарот на OANDA, Крег Ерлам.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.