ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ ДВЕ НЕДЕЛИ РАСТАТ: Најголемите светски производители решија да го задржат намаленото производство, кои се причините?
Објавено во: Економија, Финансии 12 Септември, 2023
На светските берзи цените на нафтата пораснаа втора недела по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа годинава, поради одлуката на најголемите светски производители да го задржат намаленото производство.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 2,4 отсто и достигна 90,65 долари, што е највисоко ниво од ноември минатата година.
На американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,9 отсто и достигна 87,50 долари, што е највисоко ниво од септември минатата година. Второто последователно зголемување на цените е резултат на одлуката на Саудиска Арабија и Русија да го намалат производството. Саудиска Арабија минатата недела објави дека ќе го намали производството за 1 милион барели дневно до крајот на годината, што ги изненади трговците кои очекуваа да ја продолжат одлуката за намалување на понудата само до крајот на октомври.
Од друга страна, Русија одлучи да го намали извозот на нафта за 300.000 барели дневно до крајот на годината. Целта на намалувањето на производството на овие земји е да се задржат високите цени на нафтата, со оглед на тоа што побарувачката слабее поради забавувањето на растот на најголемите светски економии.
Трговците се надеваа на зголемување на побарувачката од Кина по укинувањето на рестриктивните мерки поради пандемијата на почетокот на годината. Сепак, закрепнувањето на втората по големина економија во светот од кризата предизвикана од Ковид е многу побавно од очекуваното. Исто така, растот на западните економии забавува бидејќи централните банки година и пол ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата.
Аналитичарите јасно посочуваат дека се очекува дополнително намалување на побарувачката на нафта, поради што сосема се разбирливи одлуките на најголемите светски производители да го намалат производството за да ги поддржат цените.
По две недели раст, цените на нафтата сега се повисоки отколку што беа на почетокот на годината. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за повеќе од 5 отсто во однос на почетокот на годината, додека на американскиот пазар растот изнесува речиси 9 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.