18 Мај, 2024
0.0337

ЦЕНИТЕ ОДМРЗНАА, ЌЕ НЕМА НИ ЗА ЛЕБ НИ ЗА ЛЕК: Граѓаните ги дочека нов ценовен стрес

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Последниве две години добро ќе ги запамтиме, велат граѓаните кои ги анкетираше Фактор, посочувајќи дека секој ден е нов стрес. Откако вчера Владата не ги продолжи антикризните мерки за ублажување на ефектите од економската криза, од утринава граѓаните купуваат по повисоки цени. Се враќа 5 отсто ДДВ на основните производи, а горивата повторно ќе се оданочуваат со 18 отсто. Како понатаму, прашуваат граѓаните, кога цените постојано „скокаат“, а платите се „цврсто закотвени“.

-Порано велев од година за година осиромашуваме, сега тоа е од месец за месец, па дури и од ден за ден. Овие две години навистина добро ќе ги запамтиме. Не утепа стравот од короната. Стрес секој ден, еден куп луѓе изгубија работни места. Малите фирми пропаднаа, а сега уште оваа ситуација ни недостигаше. Војната во Украина сите ќе не дотепа. Не знам цена на ниту еден производ, без разлика што секојдневно пазарам. Дури и продавачките велат, „чекајте да провериме, и ние точно не знаеме дали е цената од вчера“. Вака не се живее, вели Лиле М. Од Скопје.

Пензионерите стравуваат дека ниту за леб ќе имаат, ниту за лекови.

-Како-така ние нашиот живот некако го поминавме. Имаше и убави години и понесигурни години, но не беше вака стресно време. Сега ништо не се знае. Да не отиде човек на пазар. За 1000 денари се враќате дома со две торбички. Каде ќе ни биде крајот ќе видиме, вели Борче Д, пензионер од Скопје.

Малите трговци пак велат дека најверојатно нема уште денеска да има корекции на цените на лебот, зејтинот, оризот..., но веќе од утре на полиците ќе бидат ставени новите цени на производите.

-Ние сме мал маркет, и секако е потребно барем еден ден да ги внесеме новите цени во системот. Лебот и денеска ќе го продаваме по истата цена, исто и маслото за јадење, и другите основни производи, но веќе од утре, цените на овие производи ќе бидат повисоки за 5 до 15 денари. Во големите маркети, претпоставувам дека цените веќе се променети.

Што се однесува пак до цената на горивата, прв пат имаме трицифрена цена. Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 104 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,5 ден/лит, а дизелот пак се продава за 95 ден/лит.

Колони возила на бензиските во Скопје имаше и половина час пред полноќ, за да наточат гориво по стара цена.  

Замрзнувањето на цените траеше точно три месеци, но на вчерашната седница Владата реши да не ја продолжува оваа превентивна мерка. Заклучно со вчера маржите во малопродажба беа ограничени на пет насто кај лебот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло за јадење и сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи.

Анита Буховски

ФОТО: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада