ЦЕНТАР ЖУПА ПОВТОРНО БЕЗ ЦЕНЗУС ЗА ИЗБОРИТЕ - и во минатото недостигаа гласови
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 20:58
Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7.551 лице, кажа Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат. Потоа Алил Емрула од Движење за национално единство на Турците и Инает Баки од Партијата за движење на Турците.
Овие три партии, како и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа кандидатски листи за девет члена на општинскиот совет.
И на претходните избори во Општина Центар Жупа во двата круга на гласање не беше обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело.
Владата потоа го наименува за повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник, актуелниот Аријан Ибраим.
Тој на повторените избори на 17 април следната година, кога имаше еден противкандидат, доби околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбеден цензус истите беа повторени на 20 август, кога другиот кандидат се повлече, па Ибраим, го обезбеди третиот последователен мандат со над 80 отсто од гласовите.
Во оваа печалбарска општина во Единствениот избирачки список се 7.551 лице, а според пописот во неа живеат 3.720 жители.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




