Центарот број 1 во Македонија, Ист Гејт Мол го прославува својот прв роденден на 5.ти и 6.ти ноември
Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2022 14:39
1001 подарок, многу забава, музика, изненадувања и роденденски попусти во прекрасна атмосфера
Претстојниот викенд, на 5 и 6 Ноември, Ист Гејт Мол го прославува својот прв роденден. Роденденскиот настан на трговскиот центар ќе биде исполнет со роденденски попусти и подароци за посетителите во атмосфера исполнета со музика и забава.

На 5ти ноември, ќе има многу изненадувања за кои сите посетители треба да имаат подготвен телефон за снимање во рака, како и магионичарско шоу, музички спектакл со настапи на „Дајте музика“, „Златно славејче“ и концерт на Влатко Лозаноски- ЛОЗАНО. Роденденската забава ќе продолжи со повеќе други настани и промоции и изненадувања кои за посетителите ги подготви трговскиот центар во соработка со закупците.
Целосната агенда на роденденските настани може да се види тука

Извршниот директор на Ист Гејт Мол, Игор Давков, изјави дека по само една година работење бележи одлична посетеност која расте секој месец:
,,Трговскиот центар, по само една година од своето отварање веќе еомилено место за посетителите од нашата држава и од регионот. Како најголем трговски центар со убедливо најсилно портфолио на закупци, Ист Гејт Мол за само една година успеа да се позиционира како најпосетена урбана дестинација за шопинг во регионот. Потрошувачите во продажните места на нашите закупци уживаат во едно поинакво потрошувачко искуство во понуда од над 600 модни и други брендови.

Трговскиот центар е целосно исполнет со закупци. На почетокот на следната година се очекува отворање на киното кое со своите 10 кино сали и најсовремена опрема за кино проекции на љубителите на филмот ќе им понуди едно сосема ново и поинакво искуство. Со ова трговскиот центар го комплетира миксот на закупци и отпочнува нов циклус на понатамошно подобрување и продлабочување на понудата за потрошувачите. ” – изјави Игор Давков.

Ист Гејт Мол е најголемиот урбан трговски центар во нашата земја, од најновата генерација, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.
Дојдете заедно да го прославиме 1-виот роденден на „Ист Гејт Мол“!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




