Честитка по повод 8 Септември од Претседателот Иванов
Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2014 13:08
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. Почитувани граѓани на Република Македонија, Пред 23 години, единствени во намерата да бидат свои на своето, македонските граѓани на 8 Септември 1991 година, на нашиот трет Илинден, храбро, решително и одговорно го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија. Во изминатите 23 години доживеавме моменти на славење, но и на разочарување. Се радувавме на стекнатата независност, издржавме пред бројните искушенија и, покрај се, останавме доследни на нашиот праведен пат. Патот беше трнлив, но ни помогна да изградиме силно чувство за сопствената држава, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни. Денес сме горди што успеавме да ја изградиме Македонија како демократска држава во која владее правото. Посветени кон остварување на нашата европска и евроатлантска иднина, ја отворивме Македонија кон светот и ја направивме меѓународно призната и почитувана. Третиот Илинден е ден на благодарност кон хероите, Илинденците и АСНОМ-ците, но и ден на обврска кон хеорите на иднината – нашите деца. Заветот на нашите предци е да трасираме сигурен пат за нашите потомци. Секоја нова реформа, секој нов закон, секоја нова инвестиција, секое ново работно место е влог во иднина на младите луѓе. Вложувањето во нашата сегашност е вложување и во нивната иднина. Продолжуваме да ја градиме Македонија како економски силна и развиена, напредна и успешна. Македонија во која се негува вековната традиција на соживот, прифаќање и почитување на различноста, држава на благосостојба и солидарност, земја на иновации и нови технологии. Тоа можеме да го оствариме само со единство, на кое најгласно не потсетува и денешниот голем ден. Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




