„ЧЕСТИТО НОВИ МИЛИОНИ ЕВРА, КОЛЕГИ ПАТРИОТИ“: се огласи Апасиев - предлогот за намалување на патните трошоци не беше изгласан во Собранието
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2025 12:14
Предлог измените на Законот за пратеници поднесени од опозициската Левица, со кои требаше да се ограничат можностите на пратениците за наплата на трошоци за патување до Скопје за собраниски седници, не беше поддржан од останатите пратеници во Собранието.
Првиот човек на Левица, професорот Димитар Апасиев, во свој стил се огласи на социјалните мрежи и им „честиташе на колегите“.
Со здравје да си ги трошите - напиша Апасиев на Фејсбук.
Еве ја неговата објава:
Согласно предлог измените кои беа доставени во Собранието, пратениците од македонското Собрание наплаќаат значително повисоки суми за патни трошоци во споредба со пратениците во нашето соседство или пак со пратениците во Хрватска и Словенија.
- Потребата од ова законско решение е поради досегашните енормни суми на надоместоци кои им се исплатени на пратениците во Македонија. Па така, историско-компаративната анализа за просечните исплатени патни трошоци за пратеник направена за регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан (Македонија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Косово), во периодот 2010–2016, говори дека македонски пратеник просечно земал вкупна сума од 40.000 евра патни трошоци – сума која е за 4.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Словенија; 21.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Бугарија; 28.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на патеник во Хрватска и 34.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Косово! – пишува во законското решение доставено во Собранието.
Предложеното законско решение уредува наместо досега утврдените 20 проценти од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок во износ не поголем од продажната цена на шест ипол литри гориво, просечно потребни за изминат пат од 100 километри.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




