Четири дена жичницата нема да работи
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2016
Поради редовно сервисирање жичницата на Водно нема да работи четири дена.
Во период од 13 – 17 јуни 2016 година жичницата нема да биде во функција, информираат од ЈСП.
По извршените контроли на 18 јуни жичницата ќе се активира и ќе биде достапна за сите корисници.
Сервисот опфаќа менување на масла на редукторот и филтрирање, менување и филтрирање на маслата на системот за кочење и помошниот погон, на системот за затегнување, ќе се менуваат гумените облоги на металните тркала на почетната и последната станица и по столбовите, а ќе се врши и проверка на четкиците на главниот мотор.
Жичницата веќе работи според летното работно време, од 10 до 19,30 часот.