16 Декември, 2025
0.0343

Четири инвеститори атакуваат на Чебрен и Галиште

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2012 18:35

Добивај вести на Viber

Две енергетски компании ги меркаат двете клучни електрани Чебрен и Галиште, а две компании веќе подигнале и тендеркса документација која чини 5.000 евра. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на отворената владина седница изјави дека до крајот на декември ќе ги очекуват понудите од заинтересираните инвеститори, освен ако Владата не одлучи повторно да го пролонгира рокот во надеж на поголем интерес од потенцијалните инвеститори за изградба на најголемиот проект во хидроенергијата во земјава. Ниту Пешевски, ниту министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми, кој е ресорен за реализација на проектот, не кажаа кои се две фирми кои веќе подигнале тендерска докуменатција за изградбна на ХЕЦ Чебрен, а можеби и на ХЕЦ Галиште. Како што веќе објави Фактор, Владата одлучи да ја предимензионира браната на акумулацијата Чебрен од 180 метри на 192 метри, додека браната на хидроцентралата Галиште ќе се намали на 130 метри, наместо досегашните 141 метар. Од новиот инвеститор ќе се бара да понуди не помлаку од 39% удел на ЕЛЕМ во заедничката фирма со потенцијалниот инвеститор. Детаљите од новиот тендер за Чебрен и Галиште покажуваат дека ЕЛЕМ ќе треба да ги преземе сите инвестиции за реализација на проектот. Токму учеството на ЕЛЕМ во заедничката фирма до сега беше “камен на сопнување“ меѓу Владата и инвеститорите. Според Владата, најатрактивно за инвеститорите ќе биде ако во заедничката компанија, веќе постоечката хидроцентрала Тиквеш им се даде на инвеститорите три месеци по почетокот на изградбата на ХЕЦ Чебрен. По одобрувањето на проектот и добивањето градежна дозвола, потенцијалниот инвеститор ќе мора да го изгради Чебрен за седум години од денот на почетокот на градбата, пишува во најновата тендерска документација за изградба на овие две најголеми хидроцентрали кои треба да се градат на Црна река, кај Мариово. Последните проценки покажуваат дека изградбата на Чебрен и Галиште ќе чини близу половина милијарда евра. Според проекциите во енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години, Чебрен и Галиште треба да почнат да произведуваат струја веќе од 2018 година. Годишното производство на овие електрани се проценува на 1.100 гигават-часови струја, што е речиси половина од потребите за струја на земјава кои се задоволуваат од вода.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење