Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024
Вчера околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во скопско Булачани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“ управувано од З.М.(66) од Скопје и патничко возило „шевролет авео“ управувано од Р.Ц.(30) од скопско Црешево.
Во болница од тешките телесни повреди починал З.М., а исто така повредена била и неговата 61-годишна сопатничка од Булачани.
„Во несреќата возачот З.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде околу 20.30 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобиле Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка и уште една сопатничка од возилото „даеву матиз“ С.М.(61) од с.Булачани,скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.