16 Декември, 2025
0.0492

Човекот полека ја добива битката со најсмртоносната болест на денешницата

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2015 20:33

Добивај вести на Viber

Човештвото во нареднити три ипол децении ќе ја извојува најголемата битка и ќе победи во борбата со ракот, кој до 2050 година ќе престане да биде смртоносна болест за лицата помлади од 80 години, тврдат научниците од Лондонскиот универзитетски колеџ. Како што напредуваат истражувањата и лековите во борбата со ракот, се пронаоѓаат се повеќе начини за негово лечење, и што е уште поважно, спречување на оваа болест. Научниците од Лондон веруваат дека за релативно краток временски рок медицината напреднала многу па во иднина со ракот нема да може да се изборат само најстарите и дека зачестеноста на карциномот ќе биде значително намалена, што ќе му ја избрише репутацијата болест опасна по живот. Професорот Дејвид Тејлор наговести дека доколку истражувањата продолжат со исто темпо, ракот повеќе нема да биде смртна опасност за луѓето. Во последните дваесет години беше направен значителен напредок во сериозноста на стапката на смртност од канцер. Тоа значи дека од рак и понатаму умираат голем број лица, но мала е веројатноста тоа да биде смртна казна за млади луѓе. Во претходните неколку години стапката на смртност од рак била поголема кај лицата постраи од седумдесет и пет години. Тајна превенција Тим научници тврдат дека дневна доза аспирин може да биде клучна во борбата против ракот како и најефикасна одбрамбена линија. „Реално е да очекуваме дека до 2050 година речиси сите болести поврзани со канцерот кај децата и возрасните до осумдесет години може да се спречи со промена на начинот на живеење и подобра технологија како и подобри фармасевтски и други терапии“, рекол Џек Кјузик. Професорот Кјузик апелира да се преземат подобри акции за убедување на луѓето да пијат аспирин една деценија, помеѓу педесетите и шеесет и петтата година од животот. Останатите методи за превенција вклучуваат откажување од цигарите и намалување на килограмите. Кои се ризиците? Земањето дневна доза аспирин секако дека нема да помине без никаков ризик. Нуспојавите од земањето аспирин може да бидат чир на желудникот како и други облици на стомачни пореметувања. Меѓутоа, проценката според која аспиринот на секоја една смрт од канцер спасува 70 животи го воодушевила професорот Кјузик кој се изненадил од дејството на овој анелгетик.  

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави