„Циклонот веќе е на пат“: Попоски најавува дека дождовите од утре ќе ја зафатат и Македонија
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024
Промената на времето започна, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Како што најавија синоптичарите, од утре се очекува промена на времето, а се најавуваат и обилни дождови и пад на температурите.
- Циклонот веќе е на пат и полека го зафаќа Балканот, а утре пристигнува и во Македонија - пишува Попоски на Фејсбук.
Од УХМР најавуваат дека поголема промена на времето ќе настане од понеделник, за кога метеоролозите најавуваат претежно променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
- Попладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд, наместа пороен проследен со грмежи и засилен ветер - нагласуваат од УХМР. Фото: Принтскрин/Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.